OSIRIS-Rex пронајде траги од вода на астероидот Бену

Леталото OSIRIS-Rex на НАСА пронајде траги од вода на астероидот Бену. Станува збор за големо и неочекувано откритие.

OSIRIS-Rex (Origins, Spectral Interpretation, Resource Identification, Security-Regolith Explorer) на почетокот на декември стигна до астероидот, оддалечен 160 милиони километри од Сонцето. Со помош на два спектрометри во минералите на глина на астероидот откри хемиска состојка која содржи атоми на кислород врзан со ковалентна врска со атом на водород, што значи дека во одреден период, на астероидот со големина од 487 метри, постоела вода во течна состојба.

OSIRIS-Rex на 31 декември ќе влезе во орбитата околу астероидот и таму ќе остане до средината на февруари. Неговата мисија е да се спушти на астероидот и да земе примерок за проучување кој до 2023 година би требало да го врати на Земјата за детално проучување.

реклама

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе