Ослободена приведената манекенка во Саудиска Арабија

Девојката која беше затворена од страна на полицијата во Ријад, поради непристојно облекување, е ослободена без никакви обвинувања, пренесува BBC.

Девојката беше задржана на испитување по видеото објавено на социјалните мрежи, во кое облечена во кратко здолниште и маичка се шета низ стара тврдина во еден од најконзервативните региони на Саудиска Арабија.

Јавниот обвинител го затвори случајот и ја ослободи девојката, откако таа изјави дека видеото е објавено без нејзина дозвола. Младата манекенка признала дека прошетала без да ја покрие косата, носејќи здолниште.

Жените во Саудиска Арабија мораат да носат долга целосна облека во јавност, како и марами на главата, ако се муслиманки. Но, нема никакви ограничувања за облеката под абајата, како што се нарекува муслиманскиот фустан наметка. Според министерството за информатика, девојката не знаела дека видеото ќе биде објавено.

На жените во Саудиска Арабија исто така им е забрането да возат, да бидат во присуство на мажи кои не се роднини и мораат да имаат писмена дозвола од машки роднина, обично татко, брат или сопруг, ако сакаат да патуваат, да работат или да имаат здравствена нега.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе