Османи: Обезбедивме вкупно 90 респиратори, тоа е доволно за втор пик 

Обезбедивме вкупно 90 респиратори, што е околу 50 отсто од вкупниот број респиратори со кои располага државата во моментов. Од нив 20 респиратори од норвешката Aмбасада кои претходно беа земени во Турција, повторно се набавени и ќе пристигнат во земјава на 15 мај. Дополнителните 50 респиратори ќе пристигнат до крајот на овој месец, како и 20-те респиратори на ЕУ.

Ова на прес-конференција го изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со COVID-19 пандемијата.

– Мислам дека тоа е доволен број за  каков било иден предизвик и за втор пик или пак за наредниот период. Врз основа на овие податоци Министерството за здравство констатираше дека нема потреба дополнително да набави, затоа што овие обезбедени респиратори ги задоволуваат потребите на здравствениот систем во државата да се справи со овој тек на пандемијата, изјави Османи.

Рече дека од досега веќе споменатите четири милиони евра од ЕУ кои беа доделени за набавка на медицински материјали, вчера пристигнаа десетици илјади N95 маски и стотици илјади хируршки маски кои, како што истакна, беа распределени на здравствените установи.

– Педесет милиони евра веќе се распределија, односно се програмираа, со тоа што 30 милиони ќе бидат наменети за малите и средни претпријатија, десет милиони за помош на неформалната економија, пет милиони ќе бидат задржани за поддршка на процесот на преговори, затоа што во меѓувреме се активираше овој процес. Во рамки на микрофинансиската поддршка, добивме мек заем од ЕУ од 160 милиони евра за да се задржи економската стабилност и ликвидност, истакна Османи.

Потсети дека САД, покрај првичните 1,1 милиони американски долари го зголемија износот со 330.000 долари како поддршка на активностите на Црвениот крст.

– Од земјите кои не се членки на ЕУ ќе ја издвојам Норвешка која продолжува со помагање, Чешка со еден милион маски, а денеска стигна и ново писмо од чешката Амбасада доколку има друга потреба за помош, а морам да ги споменам и Унгарија, Кина, Турција, Словенија кои помогнаа но се разбира и од меѓународите организации – Светската банка обезбеди сто милиони долари заем за поддршка на здравствениот систем и за справување на социо-економските последици, рече тој.

Истакна дека слични се и условите и за заемот од ММФ, за поддршка на здравствените потреби, макроекономската стабилност со 160 милиони евра.

– Ако на ова ги додадеме и 160 милиони евра од ЕУ, вкупниот заем од овие институции изнесува над 400 милиони евра, додаде Османи.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе