Османи: Во интерес на сите нас е да имаме попис

Мислам дека е во интерес на сите нас да имаме попис, и да направиме сѐ што треба за тој попис да биде успешен, односно да бидат резултатите такви какви што се, да има прецизна рефлексија на демократската реалност со сите карактеристики и атрибути и тие да бидат прифатени, односно секој да им верува. Бидејќи е многу важно во мултиетничко општество граѓаните и заедниците да веруваат во тие резултати, рече вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој во гостувањето во ТВ 24, посочи дека комбинираниот модел за попис е избран за поголема доверба и за вкрстена проверка на електронските бази со физичките посети на граѓаните.

Како што посочи, овој процес е сензитивен со сериозни последици по државата доколку во него се нема доверба или пак доколку е лажиран.

Затоа, како што наведе, не треба апсолутно да се плашиме да ги имплементираме сите механизми кои ќе гарантираат вистинитост на разултатите, квалитет на резултатите и доверба на граѓаните кон резултатите.

– Постојат неколку форми на попис. Постои традиционален попис во кој што одите со празен лист по домовите и ги потпишувате граѓаните, постои целосно електронски попис во кој воопшто не одите по домовите туку со едно копче на тастатура ќе ви се вкрстат сите податоци и постои комбиниран модел во кој што како основа ги зема електорнските бази и само ги проверувате дополнително со посета на домовите на граѓаните. Ние го избравме овој комбиниран модел за поголема доверба и за вкрстена проверка на електронските бази со физичките посети на граѓаните, рече Османи.

Според него, нормално е пописот да има улога за дефинирање и на политиките, но како што рече, кај нас и политиката се дефинира од пописот, и затоа тоа го прави посензитивен процесот.

– Кај нас оваа прашање се гледа со скепса и со тоа кој ќе сноси одговорност ако не успее пописот. Мислам дека е во интерес на сите да имаме попис, и треба да правиме се за тој попис биде успешен, резултатите да бидат такви какви што се, да има прецизна рефлексија на демократската реалност со сите карактеристики и атрибути и тие да бидат прифатени односно секој да им верува, додаде Османи.

Прашан за случајот „Монструм“ поради кој деновиве имаше протести низ улиците во Скопје, министерот посочи дека според него потребна е поголема транспарентност во судските процеси, за граѓаните да имаат поголема доверба.

– Најважен елемент во враќање на довербата е транспарентноста. И затоа уште од првиот момент кога се појави недоверба по однос на исходот на судскиот процес во првата фаза беше потребата за враќање на процесот со цел зголемување на транспарентноста. Мислам дека во овој втор процес имаше поголема транспарентност, јас не сум тој кој што можам да ги коментирам судските одлуки, но тоа што како политичар можам да дадам совет е да бидат што потранспарентни, рече министерот.

Појасни дека колку е поголема транспарентноста во објаснување на тоа што се случува, граѓаните ќе ги разберат и ќе имаат поголема доверба.

Прашан околу Договорот со Бугарија министерот Османи посочи дека овој договор е соодветната рамка која што ги решава разликите меѓу нас и Република Бугарија.

Тоа што треба да се направи, како што рече, е како да се создаде предвидливост и да се врати довербата во тој договор, бидејќи според него секој излегување од таа рамка на договорот е враќање во ситуација пред договорот, кога немаше никаква предвидливост во нашите односи.

– За жал и поради објективни и субјективни фактори се изгуби довербата дека тој договор ги испорачува резултатите. Јас лично и повеќето од нас сме убедени дека договорот е соодветната рамка која што ги решава разликите меѓу нас и Република Бугарија, изјави Османи.

Тој додаде дека Бугарија не ги спори идентитетски атрубути. Според министерот, нема потреба од никаков страв затоа што никој не може да го оспорува македонскиот јазик и идентитет и тоа го разјасниле со бугарските колеги по серијата средби во изминатиот период.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе