Остар пад на цените на недвижнините во Германија

Цените на комерцијалните имоти во Германија нагло паднаа во четвртиот квартал од 2023 година, покажаа податоците од банкарската асоцијација VDP, откривајќи го влијанието на повисоките трошоци за финансирање и изградба.

Во периодот од октомври до декември цените биле за 12,1 отсто пониски во однос на истиот период во 2022 година, пресметале од здружението. Ова е најголем пад откако VDP ги објавува податоците.

Во цела минатата година тие паднаа за 10,2 отсто, по речиси стагнација во 2022 и 2021 година, покажуваат податоците на здружението.

„Сè уште нема знаци за промена на трендот на цените на недвижностите и покрај честите шпекулации во јавноста. Како што сега стојат работите, ситуацијата ќе биде тешка и во 2024 година“, изјави извршниот директор на VDP, Јенс Толкмит.

Поскапување на градежните материјали

Намалувањето на каматните стапки во еврозоната поттикна бум на пазарот на домување, особено во Германија, но Европската централна банка (ЕЦБ) почна да ги зголемува во јули 2022 година за да ја спречи инфлацијата. Од јули 2022 до септември 2023 година тие ги зголемија за 4,5 процентни поени.

Поголемите трошоци за финансирање и повисоките цени на градежните материјали предизвикаа проблеми кај недвижностите и градежните компании. Австриската групација Signa прогласи банкрот, а ЕЦБ стравува од можни проблеми при наплатата на кредитите.

„Моделот на банкарски заеми за компаниите за недвижности имплицира дека зголемените финансиски трошоци би можеле да го удвојат уделот на заемите на компаниите загубари до дури 26 проценти, пресмета ЕЦБ во извештајот објавен кон крајот на минатата година.

„Портфолијата на комерцијални недвижности во банкарските средства се релативно ограничени, што значи дека веројатно нема сами да доведат до системска криза, но во случај на стрес на поширокиот пазар, тие би можеле да играат улога на значаен ‘засилувач’“, предупредија тие.

Тагови
реклама

Како да спречите рибата да се залепи на тавата за време на пржењето?

Read more

Еден Азар под истрага

Read more

Како да носите прстен и што всушност значи прстот на кој го ставате

Read more

Зошто BMW е поотпорен на кризата од другите германски автомобилски гиганти?

Read more

Бизнис

Тетовецот Рене Реџепи се повлекува од Noma, го обвинуваат за малтретирање на вработените

Read more

Саудиска Арабија го намалува производството на нафта

Read more

Туристичка криза поради војната на Блискиот Исток: Кој ќе ќари?

Read more

Итен состанок на Г7 поради наглиот скок на цените на нафтата

Read more
 

Вести

ЕУ во последен момент одлучува за санкции против Русија 

Читај повеќе

Вашингтон нуди 10 милиони долари за информации за иранските лидери

Читај повеќе

Јабланица гори три дена, два армиски хеликоптера се борат со пожарот

Читај повеќе

Трендафилов: Ние денеска се бориме за вашите плати, а што ќе правите вие?

Читај повеќе

Шест лица лишени од слобода во акциска контрола во Карпош, пронајдена дрога

Читај повеќе

Умерено облачно со сончеви периоди и температура до 19°C

Читај повеќе

Вучиќ ја зајакнува војската и вели дека нема да дозволи Србија да биде покорена

Читај повеќе

Ќе нема струја во делови од центарот на Скопје

Читај повеќе

Почнаа воени вежби на САД и Јужна Кореја, Северна испали ракети

Читај повеќе