Volkswagen на 22 април ќе го претстави освежениот модел Polo.
Пристигнувањето на субкомпактниот хетчбек Polo е најавен со тизер на кој се гледа бојата на каросеријата, а откриено е дека ќе има и редизајнирани ЛЕД светла.
Сè уште не се објавени многу податоци за претстојниот модел, но Polo дефинитивно ќе биде достапен само со бензин мотори кои ќе бидат достапни и за новата Ibiza.
Можно е да ги претстават и Polo GTI и TGI.
Останува да видиме како ќе изгледа инфо-забавниот систем како и кои други значајни промени ќе бидат направени.