Отфрлени кандидатските листи на СДПМ

Државната изборна комисија (ДИК) на денешното повторно разгледување на предложените кандидатски листи на Социјалдемократската партија (СДПМ) едногласно ги отфрли за сите изборни единици, поради неисправни документи.

Во ДИК утврдиле дека речиси на сите кандидатски листи на СДПМ на Бранко Јаневски во шесте изборни единици има неправилности. Кај поголем број кандидати било откриено дека нема датум на изјавите за прифаќање на кандидатурите за пратеник, и оти не може да се види за кои избори се поднесуваат. Утврдено било, исто така, и дека потписите на изјавите за неосудуваност и за прифаќање на кандидатурата се различни.

Силвана Бонева побарала да не се расправа за секоја листа по изборни единици, бидејќи неправилностите биле евидентни и предложи ДИК да ги отфрли листите на СДПМ. Игор Милев, пак, побарал да се разгледуваат листите на СДПМ по изборни единици.

Претходно ДИК ги констатираше дванаесетте кандидатски листи на партии и коалиции, освен кандидатурите на Бранко Јаневски и неговата СДПМ во изборните единици еден и три. Јаневски има право на жалба до Управен суд за листите.

Така, беше познато дека Стево Продановски нема да му биде противкандидат на Стево Пендаровски во „единицата“, а ниту Љупчо Николовски од СДПМ на Љупчо Николовски од СДСМ. Овие две листи предизвикаа најмногу дискусија и сомневања во ДИК дека станува збор за обид да се измамат гласачите поради сличноста во имињата и презимињата на кандидатите, за што партијата беше осомничена и на поранешни избори.

Во другите изборни единици листите на СДПМ првично беа прифатени, така што на потпретседателската на СДСМ, Радмила Шекеринска во петтата изборна единица за противкандидатка требаше да ја има Радмила Шукуровска од СДПМ, за што исто така имаше реакции. 

реклама

Што е амониум нитрат – соединението што наводно го крена Бејрут во воздух?

Read more

Во Словенија лекуваат COVID-19 со редесивир, фавипивавир и дексаметазон

Read more

Дали јаболковиот оцет помага за слабеење?

Read more

Пред и потоа: Прекрасни трансформации само со промена на фризурата

Read more

Македонија

Најмногу дожд во Демир Капија, Скопје-Петровец и Охрид

Read more

Бислимоски: Цената на струјата нема да рефлектира покачување на производите

Read more

Во земјава 3.557 активни случаи со COVID-19, во светот на секои 15 секунди по 1 човек умира од вирусот

Read more

Облачно и посвежо, со локален пороен дожд, грмежи, ветер и појава на град

Read more

Вести

Најмногу дожд во Демир Капија, Скопје-Петровец и Охрид

Читај повеќе

Евростат/ОЕЦД: Британците масовно се населуваат во ЕУ поради Брегзит

Читај повеќе

Во француско пристаниште запленети 1,3 тони кокаин

Читај повеќе

Бислимоски: Цената на струјата нема да рефлектира покачување на производите

Читај повеќе

Во земјава 3.557 активни случаи со COVID-19, во светот на секои 15 секунди по 1 човек умира од вирусот

Читај повеќе

Облачно и посвежо, со локален пороен дожд, грмежи, ветер и појава на град

Читај повеќе

Њујорк воведува контролни пунктови на влезовите во градот поради COVID-19

Читај повеќе
  • play_arrow

Експлозија во Северна Кореја, можно е да има 15 жртви

Читај повеќе

Во Словенија лекуваат COVID-19 со редесивир, фавипивавир и дексаметазон

Читај повеќе