Откако извиси за Мбапе, Реал се сврти кон младата ѕвезда на Милан

Италијанските медиуми известуваат дека клубот од Мадрид е подготвен да искешира дури 120 милиони евра за веднаш да го добие Рафаел Леау, играчот кој блескаше во последните кола за Милан.

Само што ја доби наградата за најдобар играч на сезоната во Серија А и веќе е на излезна врата. Рафеал Алешандре да Консејсау Леау има само 22 години, а по него веќе почнаа да простигнуваат понуди какво што е тешко да се одбијат. Милан го освои Скудетото, но сега го чека нова тешка битка - да одолее на понудите за своите млади играчи во текот на долгиот летен преоден рок.

Откако Реал Мадрид не успеа да го доведе Килјан Мбапе, кому ПСЖ му понуди баснословни примања само за да потпише нов договор, Реал е решен да не остане со празни раце и се сврте на друга страна - кон Чизмата. Ако во првата половина од сезоната никој не гледаше ништо повеќе од надежен играч во младиот Португалец, во завршницата од сезоната Леау блесна и го понесе Милан до своето прво Скудето после цели 11 години.

Леау, чие име Leão според Правописот на македонскиот литературен јазик треба да се транскрибира како Леаун (и ќе делува смешно, нели?), сезонава одигра 34 натпревари од можни 38 во Серија А и постигна 11 гола, но, внимавајте, асистираше 11 пати. Само во последните 6 кола, кога и се решаваше титулата меѓу Милан и Интер, Леау постигна 3 гола и 6 асистенции од кои 3 на последниот решавачки натпревар кај Сасуоло.

Крилниот напаѓач има договор со Милан до 2024 година, а „Росонерите“ во последно време преговараат со неговиот агент Жорже Мендеш за продолжување до 2026 година. Реномираната La Gazzetta dello Sport открива дека Мендеш веќе ја има в рака понудата од Реал Мадрид која изнесува 120 милиони евра. Леау во сегашниот договор има клаузула според која може веднаш да си замине доколку некој искешира 150 милиони.

Ќе биде интересно лето на трансфер пазарот, а очегледно напнато за Милан и Реал.

реклама

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе