Отворени две изложби во Музејот на Град Скопје по повод 13 Ноември

Скопје, 12 ноември 2021 (МИА) – Во пресрет на големиот празник 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Градот Скопје денеска во Музејот на град Скопје беа отворени изложбите „Споменар на историски места од НОБ во Скопје и Скопско (1941-1945)“ и „Скопска градска општина“ на авторот Јасминка Дамјановска, во организација на Државниот архив.

Со изложбата „Споменар на историски места од НОБ во Скопје и Скопско (1941-1945)“ се одбележува и јубилејот 80 години од почетокот на Народно ослободителната борба (НОБ) во Македонија. Низ 22 паноа и околу 300 документи и фотографии, во изложбата „Скопска градска општина“ претставен е периодот од крајот на 19. век, кога функционирала Скопската Турска Општина, потоа Градското поглаварство на Општината на град Скопје 1918 – 1941 г., Скопската Општина 1941 – 1944 г. и Скопската Општина преку градоначалниците од 1944 до денеска.

Татјана Сапунџиовска-Алексоска, раководител на Државниот архив – Одделение Скопје,  истакна дека она што денеска преку изложбата „Споменар на историски места од НОБ во Скопје и Скопско (1941-1945)“ може да се види се токму дел од тие места каде се родиле и живееле голем број храбри синови на овој град, места каде се одржувале значајни настани на кои биле донесени клучни одлуки од воено значење. По војната, рече таа, голем дел од овие објекти добиле статус на спомен куќи.

– За жал, катастрофалниот земјотрес во Скопје од 26 јули 1963 година го промени лицето на градот, оставајќи ги скопските улици без убавите куќи кои сведочеле за настаните што се случиле во нив. По земјотресот, исто така во новиот урбанистички  план, дел од куќите биле урнати. На повеќе локации во Скопје, особено во централното градско подрачје, на местата каде што во минатото се наоѓале спомен куќите, денеска се уредени зелени површини и се поставени споменици. Во чест на сите знајни и незнајни херои, во чест на една историја која било од едно време, која го променила човештвото, да оддадеме почит, благодарност и да се обврземе да ги чуваме тешко стекнатите придобивки од Народно ослободителната борба, рече Сапунџиовска-Алексоска.

Јасминка Дамјановска, авторка на изложбата „Скопска градска општина“ рече дека изложбата е работена повеќе од две години и оцени оти воопшто не им било лесно да направат потесен избор на делата.

– Ја работевме повеќе од две години и сметам дека достојно го одбележува одделението и Државниот архив затоа што преставува и беше замислена да биде водич на меморијата на оваа одделение. Самото одделение го избра насловот за оваа изложба, за штоа што практично ја проследува меморијата на институцијата, односно работењето на скопската градска општина на повеќе од 100 години. Изложбата ја опфаќа историјата на Скопската Турска Општина, Градското поглаварство на Општината на град Скопје 1918 – 1941 г. Скопската Општина 1941 – 1944 г. и Скопската Општина преку градоначалниците од 1944 до денеска, рече Дамјановска.

Тагови
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Македонија

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Read more

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Read more

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе
  • play_arrow

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Читај повеќе

Од полноќ пониски цени на горивата

Читај повеќе

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе