Ова е Bentley Bacalar кој чини 2 милиони долари
Bacalar е ретка верзија на автомобил со две врати во модерната ера.
Ќе бидат произведени само 12 примероци и сите ќе бидат продавани по цена од 2 милиони долари.
Bentley Bacalar нема кров, што значи дека мора да се чува во гаража. Го придвижува твин турбо 6.0-литарски W12 мотор кој произведува 650 коњски сили и максимален вртежен момент од 900 Nm.
Од 0 до 100 км/ч забрзува за околу 3 секунди.