На приватна аукција за десет одбрани колекционери која се одржа во музејот на Mercedes во Штутгарт, Mercedes Silver Arrow 300 SLR Uhlenhaut Coupe достигна цена од неверојатни 142 милиони долари.
Mercedes Silver Arrow 300 SLR Uhlenhaut Coupe е спортски автомобил кој бил произведен во само два примероци, а продадениот примерок бил последен пат виден во јавноста пред десетина години на Фестивалот на брзината во Гудвуд, кога го прикажале Сер Џеки Стјуарт и Мика Хакинен.
Купувачот ќе остане анонимен, а на сајтот на музејот стои известување дека музејот ќе остане затворен за јавноста до 15. мај.
До сега, најскапиот автомобил на светот беше Ferrari 250 GTO од 1962 година, кој во 2018 година постигна цена од 48 милиони долари.