Овечкин е како Фреди Кругер во најновата реклама
Моментално најдобриот хокеар Алекс Овечкин прогонува голман во новата реклама на компанијата за спортска опрема CCM во која се рекламира палката Super Tacks AS2 Pro stick.
Рекламата е како самиот Вес Крејвен да ја режирал. На крајот голманот се буди и сфаќа дека било само сон, сѐ додека Овечкин како злогласниот Фреди Кругер не му се појави во собата и не му рече „Продолжи да спиеш“.