Овошје што не треба да го јадете ако сакате да загубите килограми

За многу луѓе кои се придржуваат до здравата исхрана, овошјето им претставува омилена ужина. Тоа е богато со влакна и есенцијални хранливи материи, а исто така е вкусно и можете да го носите со вас каде и да одите.

Сепак, некои видови на овошје се богати со шеќери, а иако станува збор за природен шеќер, доколку се обидувате да загубите килограми, во тој случај тоа овошје не е најдобра опција за вас.

Не морате во целост да го исфрлите од вашата исхрана доколку не можете без одреденото овошје, но едноставно обратете внимание на тоа во колку количини и кога го консумирате.

„Им препорачувам на сите чија цел е да ослабат, да внимаваат на големината на порциите и подготовката“, вели експертот за храна, Елиза Севиџ.

„Примерно е да се изеде едно овошје, доколку станува збор за јаболко или праска, а доколку пак станува збор за грозје или цреши, потребно е да не се претерува“, советува таа.

Во прилог прочитајте за тоа кои видови на овошје треба да ги избегнувате ако сакате да го загубите вишокот на килограми:

Конзервирано овошје

„Конзервираното овошје всушност би било здраво, ако тоа не се става во некој сладок сируп“, вели диететичарот Жилиен Кубала, па препорачува да одберете овошје кое е конзервирано во вода или во сопствениот сок кој тоа го испушта.

Сушено овошје

„Иако мали количини на сушено овошје се одличен избор за ужина, кога се комбинираат со здрав извор на масти и протеини, како што се на пример оревите, прејадувањето сепак може да доведе до зголемување на телесната тежина“, предупредува Жилиен.

„Сушеното овошје има повеќе калории од свежото и содржи повеќе шеќери“ додава диететичарот.

Смути од продавница

Смутито е навистина здраво, но тоа е така само ако вие сами си го подготвите, бидејќи она кое ќе го најдете во продавница е полно со вештачки шеќери, сметаат експертите.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе