Ози Озборн најави проштална турнеја, но нема да се збогува од музиката

Откако Елтон Џон и Пол Сајмон најавија проштални турнеи, истото се одлучи да го направи и легендарниот Ози Озборн.

Половина век откако Ози Озборн ја почна својата кариера како член на бендот „Блек Сабат“, соопшти дека ќе ја започне својата последна турнеја.

„Зарем навистина поминаа 40 години откако настапувам сам? Навистина брзо поминаа“, прокоментира Ози Озборн.

Иако станува збор за последната турнеја, Озборн истакнува дека се уште не е крај на неговата кариера.

„Не се пензионирам. Нема повеќе светски турнеи, но ќе продолжам да правам свирки. Би сакал и некое време да поминам дома“, додаде тој.

„Доживеав некои фантастични искуства, тоа беше неверојатно патување. Само ми е потребно малку да забавам“, вели Ози.

Како што додава, после толку години сака да биде тука за преостанатите членови на неговото семејство.

„Уживам во улогата дедо. Не сакам да пропуштам растење на уште една генерација Озборн“, вели музичарот.

Сепак, пренесува дека не ја загубил страста, кога се настапите во прашање, и понатаму работи со исто темпо. Последната турнеја ќе започне во април во Америка, во Џексонвил, а ќе заврши во октомври во Лас Вегас.

Кога ќе биде готова оваа турнеја, ќе се посвети на можноста за правење на нов албум. Како што вели, има добри идеи за осум или девет композиции, а до тогаш ќе прави свирки.

„Тоа ми е работа и кога го велам тоа мислам на тоа дека се уште чувствувам страст кон музиката и работата која ја работам. Тоа е најубавата љубовна афера која сум ја имал – да се биде во бенд и да се свири за луѓе кои доаѓаат на шоу“, заклучи еден од најистакнатите уметници од минатиот век, кој сосема сигурно е инспирација за млади музичари ширум светот и ден денеска.

реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Музика

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Read more

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more
 

Сцена

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе