Падна договор со НАСА: Lockheed Martin ќе произведува ракета за Марс

Американската вселенска агенција НАСА ја одбра компанијата Lockheed Martin за развој на мала ракета способна од површината на Марс да понесе примероци од почвата и други материјали.

Оваа одлука на НАСА претставува голем чекор во долгото патување, односно мисијата за пренесување примероци од Марс на Земјата, со цел научниците детално да ги проучуваат. Ако биде успешна, ракетата на Lockheed Martin ќе стане првата која ќе биде лансирана од друга планета.

Станува збор за ракета која ќе се развива под проектот наречен Mars Ascent Vehicle, клучен дел од планот на НАСА да донесе примероци од почвата на Марс на Земјата, собрани од роверот Perseverance.

Со децении научниците се надеваат за примероци од Марс за да дознаат повеќе за неговата површина, а едно прашање е дали некогаш постоел живот на Марс.

НАСА потпиша договор со Lockheed Martin вреден 194 милиони долари, а се однесува на период од 6 години. Проектот треба да почне најдоцна на 25 февруари, а споменатата компанија треба да направи тест примероци, како и финална верзија.

Оваа работа ќе биде предизвик бидејќи ракетата треба да биде доволно мала за да ја собере во летало, а истовремено доволно цврста за да издржи на Марс.

Според процените, леталото Sample Retrieval Lander  ќе слета на Марс во 2026 година, а примероците од Црвената планета ќе пристигнат на Земјата неколку години подоцна.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Вести

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе