Паднаа акциите на Apple, скокнаа на Meta, Tesla, Microsoft и Amazon

S&P 500 и Nasdaq индексот благо пораснаа вчера на Волстрит, најмногу благодарение на растот на цените на акциите на технолошките компании, а тргувањето беше претпазливо по извештајот за инфлацијата во САД.

Dow Jones загуби 0,20 отсто, на 34.575 поени, додека S&P 500 зајакна 0,12 отсто, на 4.467 поени, а индексот Nasdaq 0,29 отсто, на 13.813 поени.

Инвеститорите се фокусираа на извештајот за инфлацијата, кој покажа дека потрошувачките цени во САД пораснале за 0,6 отсто на месечна основа во август, што е највисоко годинава, додека се повисоки за 3,7 отсто на годишна основа.

Зајакнувањето на инфлаторните притисоци главно е последица на растот на цената на нафтата во тој месец. Основната стапка на инфлација, без цените на храната и енергијата, во август порасна за 0,3 отсто на месечно ниво и за 4,3 отсто на годишна основа, побавно од еден месец претходно.

Забавувањето на основната стапка на инфлација ги охрабри инвеститорите и ја поддржа тезата дека американската централна банка нема дополнително да ги зголемува каматните стапки во септември.

„Мислам дека ФЕД не сака да го шокира пазарот со ново зголемување на каматните стапки од 0,25 процентни поени, кога се очекува да ги задржи стапките непроменети. Сепак, не е исклучено уште едно зголемување на каматните стапки до крајот на годината“, рече Викторија Фернандез, стратег во Crossmark Global Investment.

Иако не се очекува зголемување на каматните стапки на претстојниот состанок на ФЕД, инвеститорите се претпазливи бидејќи периодот на висока инфлација би можел да трае, а тоа би значело дека ФЕД ќе ги задржи каматните стапки повисоки од очекуваните.

Според анкетата на Reuters, ФЕД најверојатно нема да започне со намалување на каматните стапки пред април следната година. За растот на S&P 500 и Nasdaq индексот главно придонесе вчерашниот раст на цените на акциите на технолошките гиганти Meta, Tesla, Microsoft и Amazon за повеќе од 1 отсто.

Од друга страна, цената на акцијата на Apple падна втор ден по ред, за 1,2 отсто, откако компанијата претстави нова линија на iPhone.

На европските берзи цените на акциите вчера паднаа. Лондонски FTSE индексот ослабе за 0,02 отсто, на 7.525 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,39 отсто, на 15.654 поени, а париски CAC 0,42 отсто, на 7.222 поени.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Бизнис

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе