Палењето на Куранот е нова причина за Турција да ја блокира Шведска кон НАТО

Турскиот министер за надворешни работи го осуди палењето на Куранот пред џамијата во Стокхолм, потег што може да ја искомпликува и онака комплицираната апликација на Шведска за влез во НАТО.

Осудата дојде откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во средата му рече на германскиот канцелар Олаф Шолц дека Шведска постигнала одреден напредок, но не доволно. НАТО рече дека највисоките дипломати од двете земји ќе се сретнат во Брисел следната недела.

„Го осудувам гнасниот протест во Шведска против нашата света книга на првиот ден од благословениот Курбан Бајрам“, твитна турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, додавајќи дека е „неприфатливо да се дозволат антиисламски протести во името на слободата на изразување“.

URL

Шведската полиција го дозволи настанот на кој присуствуваа околу 200 луѓе во средата, на почетокот на тридневниот муслимански празник Курбан Бајрам, велејќи дека безбедносните ризици „не се од природа да ја оправдаат, според сегашните закони, одлуката за отфрлање барањето“.

Шведскиот јавен радиодифузен сервис SVT објави дека настанот поминал мирно, велејќи дека човекот одговорен за демонстрациите искинал страници од Куранот, ги избришал чевлите со некои од нив, а други ги запалил, а потоа ставил парче сланина во книгата. Станува збор за 37-годишниот Салуан Момика, инаку бегалец од Ирак.

НАТО ја притиска Турција да ѝ даде зелено светло на Шведска пред самитот на Алијансата во Литванија на 11-12 јули. „Сега е време да ја пречекаме Шведска како полноправна членка на НАТО“, рече шефот на Алијансата, Јенс Столтенберг, на синоќешната прес-конференција.

Столтенберг претходно неделава рече дека разговорите во Брисел, што ќе се одржат во седиштето на НАТО следниот четврток, ќе ги вклучат министрите за надворешни работи и советниците за разузнавање од Турција, Шведска и Финска.

Во јануари, Анкара ги прекина разговорите со Шведска за нејзината апликација во НАТО, откако Расмус Палудан, шведско-дански активист кој е осуден за расистичка злоупотреба, запали копија од Куранот пред турската амбасада во Стокхолм.

Од друга страна, Швердска се надева дека веќе во јули ќе влезе во НАТО.

„Шведска ќе стане членка на НАТО“, рече синоќа шведскиот премиер Улф Кристерсон во интервју за јавниот сервис SVT.

„Никој не може да вети дека тоа ќе се случи конкретно во Вилнус или веднаш пред Вилнус, дури и ако тоа беше нашата амбиција цело време - и тоа е амбиција што ја споделуваме и со секоја друга земја на НАТО“, додаде тој.

Шведска требаше во пакет заедно со Финска да влезе во НАТО, но Турција го блокираше нејзиниот пат. Турција тврди дека Шведска штити членови на, како што ги смета, терористичките групи - обвинение што Шведска го негира - и побара нивна екстрадиција како чекор кон ратификација на шведското членство.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе