Папагал со многу необична опсесија
Како што е случај и со луѓето, така и животните си имаат свое омилено хоби. А овој папагал има многу необична опсесија – обожава правосмукалки.
Станува збор за сино-жолт папагал кој е многу разигран, а најмногу обожава правосмукалки.
И додека поголемиот дел од милениците бегаат кога ќе го слушнат овој звук, овој папагал постојано ја става својата глава под правосмукалката.