ДФБ ПОКАЛ 2023/2024

Парадоксот на Кајзерслаутерн: 16-ти е во Цвајта, а ќе игра куп финале

Од кошмар за испаѓање до сон за освојување на ДФБ купот.

Вклештен меѓу стравот од испаѓање и желбата да се освои трофеј. Вака би можеле да ја сумираме сезоната на Кајзерслаутерн, тимот кој ја држи 16-тата позиција во 2.Бундеслига, популарната Цвајта, но кој сепак се стреми да го освои ДФБ Покал, куп кој веќе го освои двапати во 1990 и 1996 година. Доколку би го кренал пехарот би обезбедил место во Лига Европа следната сезона, но истовремено овој германски тим води жестока борба за опстанок.

Апсурдната сезона на Црвените ѓаволи

Благодарение на победата од 2:0 против домаќинот Сарбрикен, Кајзерслаутерн го загарантира пласманот во финалето на Купот на Германија. Додека го чекаат датумот во мај кога ќе се соочат со сезонава галопирачкиот Баер Леверкузен, тимот на Фридхелм Функел ужива во овој момент на неочекувана среќа среде една многу комплицирана сезона.

URL

Откако се збогуваше од Бундеслигата во 2012 година без да се врати, Кајзерслаутерн доживеа тешки години од кои сѐ уште се бори да се опорави. Во првенството популарнитер „Роте Тојфел“ (Црвени ѓаволи) го заземаат третото место на табелата гледано од дното, на само 2 бода од друг паднат великан на германскиот фудбал - Шалке 04. Со 54 примени гола на 27 натпревари станаа најлоша одбрана во Цвајта, заедно со, повторно, Шалке 04.

На ова додајте го и фактот што Кајзерслаутерн веќе смени три тренери: почна со Дирк Шустер, продолжи со Димитрис Грамозис, а сега клупата му е доверена на специјалистот за опстанок, Фридхелм Фанкел. Доколку борбата за избегнување на испаѓањето од втората Бундеслига е сѐ уште долга и многу тесна, можноста за освојување на трофеј е на само еден натпревар.

Головите на Ритер и Туре во полуфиналето на ДФБ купот направија цел град да сонува, ккој во 90-тите благодарение на головите на Кунц и Лабадија ја освои титулата германски шампион во 1991 година, повторувајќи ја повторно во 1998 година. Таа сезона, меѓу другото, тимот што го тренирате легендарниот Ото Рехагел го подигна Мајстершале како штотуку промовирана екипа, успех кој дојде благодарение на настапите на легендарниот Анди Бреме и оние на тогаш талентираното момче по име Михаел Балак.

URL

Се разбира, сега времињата се сменија. Доволно е да се каже дека Кајзерслаутерн би можел да го одигра со нетрпение очекуваното финале на германскиот куп на 25 мај, на само неколку дена од можниот (и парадоксален) плеј-оф за опстанок за да избегне испаѓање во третата лигата. Во секој случај, „Црвените ѓаволи“ ќе го играат финалето како аутсајдери, но на крајот не чини ништо да се сонува. Заспаниот џин од „Фриц Валтер“ стадионот секако не сака да застане во најдобриот момент.

Заспан џин

Кајзерслаутерн не е било кој тим од Германија. Тоа е стар великан кој доживува мноиу лош период. Формиран на 2 јуни 1900 година, важи за еден од најстарите германски клубови. Еден е од основачите на Бундеслигата, во која без прекин играше од формирањето во 1963 до 1996 година. Оттогаш почнаа проблемите, иако потоа набрзо ја освои четрвтата титула шампион на Германија, а втора од воспоставувањето на Бунндеслигата.

Дефинитивниот пад се случи во сезоната 2005/2006 кога испадна како 16-ти, а му требаа четири сезони за да се врати. Но, тоа враќање траеше само две саезони, за потоа по 6 сезони во Цвајта да падне уште подолу - во третата лига. По 4 сезони како третолигаш, преклани едвај се врати откако победи во баражот. Сега ја игра втората последователна сезона во Цвајта, но напредок не е на повидок.

Низ клубот продефилирале плејада великани на фудбалската игра, од кој најголемото име е германската легенда Фриц Валтер, човекот кој ја водеше Западна Германија до титулата на Мундијалот 1954 година во Швајцарија. Во негова чест е именуван и стадионот со капацитет од 50 илјади гледачи.

Кореографија во чест на Фриц Валтер

Црвено-белиот дрес го носеле играчи како Андреас Бреме, Томас Алофс, Ханс-Петер Бригел, Миохаел Балак, Хорст Екел, Мирослав Клосе, Штефан Кунц, Олаф Маршал, Томас Ритер, Отмар Валтер, Чириако Сфорца, Павел Кука, Мирослав Кадлец, Том Дули, Јури Џоркаеф, Марио Баслер...

реклама

Колач ден и ноќ идеален за Свети Јован

Read more

Кој ќе биде најдобриот месец во 2026 година за вашиот хороскопски знак?

Read more

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Read more

Најглупавите мегапроекти во светот

Read more

Фудбал

Мане со еврогол ги исфрли Салах и Египет, Сенегал е финалист на АФКОН

Read more

Меси со една реченица ја зголеми вредноста на акциите на Coca-Cola

Read more

Мато се договори со Хартс, а Вардар го продаде во МЛС да игра против Меси

Read more

Максимилијан Ибрахимовиќ ќе се докажува во Ајакс

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мане со еврогол ги исфрли Салах и Египет, Сенегал е финалист на АФКОН

Читај повеќе
  • play_arrow

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси со една реченица ја зголеми вредноста на акциите на Coca-Cola

Читај повеќе

Мато се договори со Хартс, а Вардар го продаде во МЛС да игра против Меси

Читај повеќе
  • play_arrow

Максимилијан Ибрахимовиќ ќе се докажува во Ајакс

Читај повеќе

Само тројца играчи на Реал не се збогуваа со Чаби

Читај повеќе

Клоп нема намера да работи како тренер

Читај повеќе
  • filter

Конте суспендиран и казнет со 15.000 евра

Читај повеќе

Карик го презема Јунајтед и веднаш носи засилување во средниот ред

Читај повеќе