Двајца се здобиле со тешки изгореници, а десетмина со полесни повреди во напад со молотов коктел во ресторан во предградие на Париз.
Во ресторанот што се наоѓа во областа Сен-Сан-Денис синоќа бил фрлен молотов коктел, по што веднаш пристигнале екипи на полицијата, противпожарната и итната медицинска служба.
Повредените со изгореници веднаш биле префрлени во болницата Сан Луи, а меѓу десетте полесно повредени има и шест полицајци кои им помагале на луѓето да се евакуираат.
Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот во ресторанот што се наоѓа во склоп на петкатница, но внатрешноста на локалот е целосно уништена.
Мотивот за нападот уште не е утврден, но постои сомнение дека се работи за неуспешен обид за грабеж.
Франција е на готовс по низата терористички напади што ја потресоа земјата во зиминатите две години.