Патнички авион се урна во езеро во Танзанија

Танзаниски патнички авион се урна во езерото Викторија при обид да слета во крајбрежниот град Букоба, близу границата со Уганда.

Авионот на домашниот авиопревозник Precision Air носел 43 луѓе, од кои 26 се успешно спасени и пренесени во болница, изјави танзаниско службено лице, пренесува BBC.

Двајцата пилоти го преживеале падот, но сѐ уште се наоѓаат заробени во кабината и се во постојан контакт со спасувачите.

Екипи од спасувачката служба и локални рибари се наоѓаат на местото на несреќата обидувајќи се да ги извадат луѓето кои и натаму се во авионот.

Досега се потврдени тројца загинати.

Remote video URL

Спасувачите со јажиња успеале да го поместат авионот тип ATR-42 кон брегот каде водата е поплитка. Езерото Викторија е најголемото езеро во Африка и се наоѓа на тромеѓето помеѓу Танзанија, Уганда и Кенија. Еден крај од пистата на Букоба аеродромот лежи веднаш до езерскиот брег.

По падот авионот бил речиси целиот под вода, освен опашката.

Засега главен виновник за падот се посочува лошото време.

реклама

Свет

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Read more

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе