Играчите на второлигашот Кит-Го вежбаа стрелање во Малешевијата успешно одработувајќи тим-билдинг.
Необично за македонските фудбалски услови, фудбалерите на Кит-Го од Пехчево, член на Втората лига Исток, денеска одржаа тим-билдинг составен од стрелање со пушки во природа.
Активноста се реализираше под падините на Малешевската планина, во убавата зелена природа на овој дел од Македонија.
Со влегувањето на спозорот Кит-Го, клубот се врати од мртвите. Порано познат како Напредок од Пехчево, со години буквално не постоеше. Сега, трета сезона по ред ќе игра во Втората лига, каде амбициите повторно се пласман во горниот дел. По тој повод клубот летово се засили со Мартин Давков и Марио Рунтев од Брегалница и Алпај Јусуф од Силекс.