Пендаровски: Изјавите за историја од бугарски политичари не ја подобруваат атмосферата за преговарање

Ставот на македонското државно раководство е да се разговара за враќање на довербата, која беше нарушена во изминатата година, и за страничните прашања кои се второстепени во овој момент, а тоа се инфраструктура, енергетско поврзување, соработка во образование, медиуми итн., рече претседателот Стево Пендаровски во однос на спорот наметнат од Бугарија.

– На тој наш акциски план, за тие елементи, каде што немаше буквално ништо – име, презиме, идентитет итн, бугарската страна одговори по сите точки, во однос на пруга, Коридор 8 итн, но ги стави старите барања. Мојот став е дека ние треба до изборите во Бугарија да останеме со тековен ангажман само во овој сет на прашања,  рече Пендаровски во емисијата „Отворено“ на ТВ24.

Тоа не значи, рече, дека чекаме друга власт по  изборите во април во Бугарија, но да се почека два-три месеци да слегнат тензиите и потоа, како што рече, со студени глави да седнеме и да видиме што може да направиме во тој контекст.

Според шефот на државата, еден од пристапите од наша страна, за кој засега нема позитивен сигнал од другата страна, е ако сакаат да зборуваат за пред 1944 година, тоа да им се остави на историчарите, а ние да се посветиме на сегашноста. Затоа што историчарите се квалификувани за тоа, а на политичарите не им личи, како што рече, „да влегуваат во тоа кои сме биле и што сме биле“.

– Ние знаеме кои сме и не ни личи да разговараме за овие прашања. Може за друго да разговараме, за Коридорот 8, за образовни проекти итн., но не смееме да разговараме за историјата, бидејќи ние сме политичари, не сме историчари, истакна Пендаровски, според кого бугарски политичари почесто даваат историски изјави од нивните историчари во комисијата што не ја прави подобра атмосфертата за преговарање.

Во однос на понудата на шефот на дипломатијата на Грција, Дендијас, да биде медијатор во преговорите со Бугарија, претседателот рече дека во таква медијација Бугарите ќе имаат повеќе проблем од нас, посочувајќи дека грчки полтичари, како претходниот министер за надворешни работи Никос Коѕијас, се прилично критични кон бугарските позиции спрема нас. Според него, за да биде некој прифатен за медијатор, мора двете страни да бидат сигурни во неговата независност.

– Мислам дека во еден типичен балкански спор, како што е овој наметнат од Софија, се сомневам дека трета балканска држава може да биде перципирана како независен медијатор, рече Пендаровски, според кого најдобрите медијатори во балканските работи се моќните и подалечни држави.

Лично како претседател, рече, не би имал проблем со грчка медијација, за која не е дојдено официјално барање, освен ако за медијатор би го предложиле Андонис Самарас.

Во однос на ЕУ-перспективата за нашата земја, шефот на државата смета дека „мотори на Европа“ по Брегзит се Германија, Франција, потоа Холандија, како и Полска од поновите членки, кои ова прашање би требало да го стават на маса. Не би било лошо, рече Пендаровски, за прашањето меѓу Скопје и Софија да има присуство на некои од Европејците затоа што „кога двајца балканци ќе ставите на маса многу тешко можат самите да дојдат до решение без надворешна помош“, а тоа, како што рече, го покажа спорот со Грција за која помогна американската дипломатија и медијатпрот Метју Нимиц.

Шефот на државата смета  дека е добро што нашата земја со цел Западен Балкан е на листата на заеднички интерес за САД и Германија.

– Добро е да се биде под нивното будно око. Немам илузија, страв ниту резерва дека Германија и Америка може да ни наметнат недемократско решение, истакна Пендаровски во интервјуто за Телевизија 24.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Македонија

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Read more

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе