Пендаровски за прогонот на македонските Евреи: Простуваме, но не забораваме

Во спомен на холокаустот на македонските Евреи во логорот на смртта Треблинка на 11 март 1943 година, претседателот Стево Пендаровски денеска во дворот на Кабинетот засади дрвце, македонски даб. Истовремено, во негово име, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, а во соработка со Амбасадата на Израел, стебло е засадено и во Ерусалим, во парк шумата на мирот, Амандав.

Истакнувајќи дека садниците се израз на почит кон малубројната, но исклучително значајна еврејска заедница во Северна Македонија, претседателот Пендаровски во својата порака рече дека со векови, еврејската заедница била плодно стебло на македонската почва.

„Во духот на соживотот, Евреите живееле со нас, како едни од нас. Евреите биле прифатени и почитувани како добри домаќини, верни соседи и вредни еснафи. Наша желба како држава и како луѓе, е еврејската заедница одново да израсне во плодно стебло. Нивните корења нека се напојуваат од сеќавањата, а гранките нека носат надеж за иднината“, потенцираше претседателот на државата.

Во текот на Втората светска војна биле убиени над 6 милиони Евреи. Само во логорот Треблинка за околу една година биле убиени околу 900.000 жени, мажи и деца, а меѓу нив биле и 7.144 македонски Евреи од Скопје, Битола и Штип коишто претставувале дури 98 отсто од македонската еврејска заедница.

„Холокаустот е логичка последица на моралниот вакуум во кој сѐ било дозволено, вклучително и обезвреднувањето на човековиот живот и неговото вродено достоинство. Ова апсолутно зло мора да биде осудено апсолутно. Не смееме да дозволиме вистината за холокаустот да се релативизира и заборава. Наша должност е да се сеќаваме за никогаш да не се повтори“, порача Пендаровски.

На одбележувањето на 78-годишнината од холокаустот на македонските Евреи присуствуваше и почесниот конзул на Државата Израел во Република Северна Македонија, Градимир Шумковски. Од Ерусалим, пак, онлајн се обратија претставници на Еврејскиот национален фонд, Jewish Impact, како и претставник на Министерството за надворешни работи на Израел.

Во сеќавање на холокаустот на 7.144 македонски Евреи, претставник на Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на депортираните македонски Евреи во Скопје.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more
 

Вести

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе