Пет егзотични дестинации кои се најевтини на лето

Сајтот Booking.com неодамна откри пет летни дестинации, кои во текот на летните месеци се најисплатливи и за кои можете да заштедите дури 50 отсто од нивните реални цени во сезоната.

Во прилог погледнете ја листата:

Кордоба

Кордоба во Андалузија покрај тоа што е позната по својата гастрономија и неверојатна архитектура, позната е и по топлата клима во текот на целата година. Во август цените се 50 отсто пониски од обично, поради тоа Кордоба е место кое треба да го посетите кон крајот на летото кога времето е неверојатно, а градот прилично ослободен од туристи и гужви.

Патонг, Тајланд

Плажата Патонг е една од најпознатите плажи во тој регион која е полна со барови, клубови и ресторани, па е идеална за годишен одмор. Интересно е тоа што Патонг е најевтин и тоа за дури 49 отсто од вообичаеното. Оние кои ќе го посетат ова место можат да уживаат во неверојатниот ноќен живот кој се нуди, идиличните плажи и вкусната храна.

Њу Орлеанс, САД

Градот во кој е создаден џезот и кој се одликува со уметност, историја, ресторани и архитектура, во август е за 48 отсто поевтин во споредба со останатите месеци, кога хотелите се двојно поскапи. Покрај тоа што Њу Орлеанс е најевтин во август, тогаш е и месецот на музеите, но и месец на музички фестивали, како што е Satchimo Summerfest.

Салвадор, Бразил

Салвадор е за 29 отсто поевтин ако во него летувате во декември. Неверојатен брег, специфична кујна која освојува после првото залче, како и едниот од најголемите карневали на светот, се доволни причини да размислите за оваа егзотична дестинација.

Златен брег, Австралија

Рај за сурфери, но долгите песочни плажи, тематските паркови и долгите сончеви денови се вистинска причина да се упатите на оваа локација. Покрај тоа што во февруари сместувањето е поевтино за 34 отсто, постои уште еден бенефит – помалку туристи и гужва, па поради тоа можете потполно сами да уживате во големите и долги песочни плажи.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Живот

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе