Пет градови кои ретко кој знае дека ги основал Александар Македонски

Александар Македонски не бил само освојувач, туку и визионер кој наредил изградба на над 20 градови ширум териториите кои ги освоил.

Согласно сопственото признание, Александар Македонски за време на неговиот поход на Исток во 326 година п.н.е. се обидел да стигне до „крајот на светот“. Пишаните извори и материјалната култура сведочат дека за време на неговото кратко, но успешно владеење, тој речиси успеал во својата намера и создал огромна империја која се протегала од Грција и Египет до Индија.

Сепак, иако останал запаметен по неговите воени подвизи, тој населил хеленско и македонско население во освоените земји и основал градови, што го поттикнало ширењето на хеленистичката култура и религија. Денес знаеме дека тој е одговорен за изградбата на повеќе од 20 градови кои го носеле неговото име, а некои од нив сè уште постојат и сведочат за неговото наследство.

1. Александрија во Египет

Во текот на 332 п.н.е. Александар го основал својот најпознат град - Александрија ад Египтум. Сместен помеѓу Средоземното Море и делтата на Нил, имал само една цел - да биде главен град на новата империја. Меѓутоа, ненадејната смрт на Александар во 323 п.н.е. го спречил легендарниот освојувач да го види градот, но неговиот генерал и еден од дијадохите, Птоломеј I Сотер, го донеле неговото тело во Александрија и го направиле главен град на новооснованото Птоломејско Кралство.

За време на владеењето на Птоломејците, Александрија напредувала како културен и економски центар, а нејзината позната библиотека го претворила градот во место кое ги привлекувало најучените луѓе на тоа време. Изворите нѐ информираат дека во него имало многу луксузни градби, меѓу кои се издвојувале гробот на основачот, Кралската палата, насипот Хептастадион и светилникот Фарос - едно од седумте чуда на античкиот свет. До III век п.н.е. станал најголемиот град во светот со над половина милион жители.

По римското освојување на Египет во 30 п.н.е., станал главен центар на провинцијата под директна контрола на императорот и во чие пристаниште имало огромна флота која го снабдувала главниот град со жито. Со текот на времето станал еден од главните христијански центри, но по низа природни катастрофи, по IV век од новата ера. постепено ја губел својата важност. Дури во XIX век повторно добил важност и станал еден од главните центри на источниот Медитеран и вториот најважен град во Египет.

2. Александрија во Турција

Александрија ад Исум (близу Ис) е основана во исто време со онаа во Египет, а некои антички извори тврдат дека тоа најверојатно се случило по познатата битка во која македонската војска им нанела решавачки пораз на Персијците под Дариј III. Градот бил изграден на местото на македонскиот воен логор кој се наоѓал на брегот на Средоземното Море во близина на патот што ги поврзува Мала Азија и Египет. На овој начин Александар Македонски можел да ги контролира приодите на т.н. Сириска порта - премин меѓу Киликија и Сирија, што му овозможил брзо да стане важен трговски центар на Медитеранот.

Поради добрата географска положба, Александрија кај Ис имала големо пристаниште, кое се наоѓало во денешниот залив Искендерун. Во нејзина близина, наследниците на Александар основале уште два града - Селевкија и Антиохија, од кои втората по извесно време го преземала приматот. Без оглед на тоа што Александрета - име од средниот век - со текот на времето го изгубило своето значење, преживеало до денес и на сега се нарекува Искендерун, односно Александар.

Искендерун денес
3. Александрија во Авганистан

Во зима/пролетта 329 п.н.е. војската на Александар Македонски тргнала на конечна пресметка со Персијците предводена од последниот ахеменидски крал. За да го изненадат непријателот, се движеле низ денешен Авганистан и стигнале до долината на реката Кофен или Кабул. Тоа била област од огромно стратешко значење, раскрсница на древните трговски патишта што ја поврзувале Индија со Бактрија и Драпска - клучни провинции во Ахеменидското Царство.

Токму на тоа место Александар решил да основа друга Александрија. Градот всушност бил изграден на место кое веќе било населено, а според античките историчари, таму престојувале околу 4.000 локални жители, додека подоцна им се придружиле околу 3.000 воени ветерани. Во следните децении пристигнале повеќе жители, кои градот го претвориле во стопански и трговски центар.

Во гиодината 303 п.н.е. Александрија заедно сои остатокот од регионот станалка дерл од Мауриското Царство, а со доаѓањето на индо-хеленските владетели во 180 година п.н.ер станал и една од престолнините на Хеленско-Бактриското Кралство. Бројни откритија, вклучувајќи и монети, прстени, печати, египетска и сириска стакларија, бронзени статуетки и познатите слонова коска сведочат за важноста на овој град како место што ја поврзувало долината Инд со Медитеранот. Денес се вика Баграм и во негова непосредна близина има воена база на воздухопловните сили.

4. Александрополис во Авганистан

Освојувањата ги однеле Александар Македонски и неговата војска далчеку од дома - до најисточните граници на Ахаменидското Царство. Хелените областа ја нарекле Арахозија, што значи „богата со води/езера“. Изворите наведуваат дека во тој период низ високото плато течеле неколку реки, меѓу кои и Арахот.

Остатоци од Александрополис на фотографија од крајот на XIX век

Александрија Арахозија била изградена на местото на персиски гарнизон во текот на VI век п.н.е. и тоа била совршена локација. Сместена на раскрсница помеѓу три трговски патишта, го контролирала пристапот до блискиот планински премин и речниот премин. По смртта на Александар, градот бил управуван од неколку дијадохи сѐ до во 303 п.н.е. кога Селевк I Никатор не му го дал на Чандрагупта Маурја во замена за воена помош и 500 слонови.

Подоцна градот им бил вратен на хеленистичките владетели на Хеленско-Бактриското Кралство, кои владееле со областа до крајот на II век п.н.е. Денес градот во Авганистан е познат како Кандахар - што бе изведенка од зборот Искендер, однносно арапски и персиски превод за името Александар.

5. Александрија на Окс

Еден од најважните и најпознати хеленистички градови на истокот - Александрија Оксијана или Александрија на Окс (Окс е старото име за денешната река Аму Дарја), најверојатно бил основан во 328 п.н.е., за време на последната фаза од освојувањето на Персија од страна на Александар. Можно е, како и во претходните случаи, да се работи за колонизација и населување на воени ветерани, а во вековите што следеле градот станал најисточниот бастион на хеленистичката култура и еден од најважните престолнини на Хеленско-Бактриското Кралство.

По долгогодишно пребарување, археолозите идентификуваа град на авганистанско-киргистанската граница во близина на градот Аи-Ханум. Претставувал класичен пример на хеленистички град со сите негови препознатливи карактеристики, како гимназија, театар со капацитет за 5.000 гледачи, пропилеја - монументална порта комплетна со коринтски колони и библиотека со хеленски текстови.

Други структури, како што се кралската палата и храмовите, претставуваат мешавина од источни и хеленски елементи карактеристични за хеленско-бактриската култура. Градбите со раскошно украсени мозаици и уметнички делови од исклучителен квалитет, сведочат за важноста на градот кој бил уништен во 145 година п.н.е. и кој потоа никогаш повеќе не бил обновен.

реклама

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе