Пет лоши навики со кои си го уништувате сексуалниот живот

Има многу фактори што може негативно да влијаат врз вашиот сексуален живот, но некои од нив се стекнати лоши навики.

Ако мислите дека животниот стил не влијае врз нарушување на сексуалната желба и перформанс, се лажете.

Ослободете се од овие лоши навики и вратете ја страста и акцијата во спалната соба.

 

Нездрава исхрана

Ако поголемиот дел од вашето дневно мени се состои од брза и нездрава храна преку која внесувате преработени јаглехидрати, прости шеќери и заситени транс-масти, тоа може значително да ја забави циркулацијата на крвта во организмот, а за мажите тоа значи ослабена ерекција.

Премногу сол

Ако солената и конзервирана храна се редовни во вашата исхрана, евентуално ќе ви се покачи крвниот притисок, што може да го намали либидото.

Ја прескокнувате предиграта

Живееме во брзо време, но не се брзајте да завршите со сексот, туку уживајте во сите составни делови на сексуалниот чин, а тука спаѓа и предиграта. Резултатите од истражување во кое учествувале 8.700 мажи и жени покажале дека сексот траел подолго кога партнерите пред самиот акт користеле различни видови на стимулација. Оралниот секс и меѓусебната мастурбација за многу од нив била совршена комбинација.

Премногу пиете

Една чаша вино или пиво може да ви помогне да се опуштите, но преголеми количества алкохол може само да ви наштетат во спалната соба. Алкохолот во големи количини влијае врз ерекцијата кај мажот и ја намалува влажноста на вагината кај жената.

Пушење

Пушењето има многу негативни последици по човековото здравје. Во поглед на вашиот сексуален живот, никотинот и хемикалиите во цигарите ја намалуваат сексуалната желба кај жените и негативно влијаат врз ерекцијата кај мажите.

реклама

Шест знаци дека ви недостасува витамин Б12

Read more

Зошто луѓето го мразат Новак Ѓоковиќ?

Read more

Рани симптоми на срцев удар што се појавуваат неколку месеци порано

Read more

Зошто Белгија воведува зелено трепкачко светло на возилата?

Read more

Љубов и секс

7 прашања за сексот што ги мачат луѓето во долги врски

Read more

Кои се најсреќните, а кои најтешките години во бракот?

Read more

Во кој период од животот жените имаат најсилен сексуален нагон?

Read more

Дали е добра идеја да му дадете втора шанса на бившиот?

Read more
 

Магазин

Кафе или зелен чај: Што ќе ве разбуди подобро?

Читај повеќе
  • play_arrow

Болоња: Потценет туристички рај во кој ќе уживаат гастрономите

Читај повеќе
  • play_arrow

10 мистерии за Бермудскиот триаголник кои никој не може да ги објасни

Читај повеќе

Оригинален рецепт за мексикански палачинки

Читај повеќе

Расте бројот на млади пушачи во Германија

Читај повеќе

Шест знаци дека ви недостасува витамин Б12

Читај повеќе

Во кој хороскопски знак се раѓаат најголемите мајстори за манипулација?

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Свински кременадли во путер со лук

Читај повеќе

Рани симптоми на срцев удар што се појавуваат неколку месеци порано

Читај повеќе