Пет митови за електричните автомобили

Последните неколку години во фокусот на автомобилската индустрија се најдоа електричните автомобили, кои земаат сѐ поголем замав на пазарот и изгледаат како мудра инвестиција за иднината. Сепак, и покрај големиот успех на овие автомобили, постојат некои митови за нив кои едноставно не се вистинити.

Како и секој модерен феномен, и електричните автомобили имаат непријатели во форма на луѓе кои шират невистини за нив. Но, дојде време кога работите морат да се прикажат онакви какви што навистина се, без да се шират непотребни лажни информациии. Ова се пет лажни митови кои честопати можете да ги слушнете во разговорите за електричните автомобили.

Мит 1: Никогаш нема да имате доволно гориво

Вистината: Некои од новите целосно електрични автомобили можат да поминат преку 320 километри без да го испразнат моторот, а оваа дистанца се зголемува од ден на ден. Тука ги имаме и хибридите кои имаат комбинација од дизел/бензин мотор и електричен мотор, и тие можат да поминат неколку стотици километри со едно полнење, исто како и конвенционалните автомобили. Електричните автомобили можат да се користат за сите намени, но остануваат најпогодни за возење низ град, каде постојано има места каде можат да се наполнат.

Мит 2: Електричните автомобили се прескапи

Вистината: Електричните автомобили не се многу поскапи од обичните автомобили. Точно е, можат да чинат две или три илјади долари повеќе, но поради тоа ќе добиете нов автомобил кој се напојува на струја и ќе ви донесе намалување на сметките во иднина. Toyota Prius, еден од најпознатите електрични автомобили, на ново чини 23.700 долари, што е само 5.000 долари поскапо од Toyota Corolla, која традиционално е еден од најпопуларните модели на пазарот.

Мит 3: Полнењето на автомобилот е пеколно тешко

Вистината: Многумина мислат дека возачите на електрични автомобили поминуваат по неколку часа барајќи места за полнење, но всушност статистиката вели дека преку 90% од полнењата се случуваат во домот на сопственикот. Покрај тоа, ќе се изненадите колку бензински пумпи во нашата земја веќе имаат поставено места за полнење на електрични возила, така што скоро е невозможно да останете со празен мотор.

Мит 4: Не се забавни за возење

Вистината: Ова е сосем спротивно на вистината. Не само што електричните автомобили се потивки, туку и возењето во нив е многу пријатно, посебно на долги дистанци. Доколку се возите на автопат ќе бидете изненадени од забрзувањето на електричниот автомобил, кој е подобар, побрз и технолошки напреден во однос на голем дел од конвенционалните автомобили на пазарот.

Мит 5: Батеријата ќе се расипе со тек на време, исто како на мобилните телефони

Вистината: Повторно, многу различно од вистината. Батеријата на електричните автомобили е направено да го надживее самиот автомобил, па затоа нема потреба да се плашите дека со тек на време таа ќе ослабне или ќе престане да работи. Таа со години ќе го држи истиот капацитет, без да го намали бројот на километри кои можете да ги поминете со автомобилот.

реклама

Втор ден карантин за Скопје, Куманово, Штип и Тетово, Чулев апелира: Одлуката не е идеална, но треба да се почитува

Read more

Маск: Време е Amazon да се разбие

Read more

[КАЈГАНА интервју] Себастијан Ерера - наскоро колумбиски шмек во репрезентацијата на Македонија?

Read more

Ахмети посака Албанец премиер, Заев му порача дека нема да биде дел од идната Влада

Read more

Авто новости

Kia го освежи моделот Picanto

Read more

Maserati го објави тизерот за новиот Ghibli Hybrid

Read more

BMW ја претстави новата Серија 4

Read more

Hyundai го претстави новиот Santa Fe, во продажба од септември

Read more

Автомобили

  • filter

Kia го освежи моделот Picanto

Читај повеќе
  • play_arrow

Maserati го објави тизерот за новиот Ghibli Hybrid

Читај повеќе
  • filter

BMW ја претстави новата Серија 4

Читај повеќе
  • filter

Hyundai го претстави новиот Santa Fe, во продажба од септември

Читај повеќе
  • filter

Поглед во тјунираниот BMW M760Li xDrive

Читај повеќе
  • play_arrow

Corvette C8 против Corvette C7

Читај повеќе
  • filter

Објавени првите фотографии од Серија 4 на BMW

Читај повеќе

BMW ќе отпушти 5.000 работници поради коронавирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Nissan со тизер го најави новиот спортски автомобил

Читај повеќе