Пет најпознати и најинтересни месојадни растенија

Веројатно сте слушнале дека постојат необични растенија кои се хранат со инсекти, односно се растителни предатори. И да не сте слушнале, сега ќе се запознаете со најинтересните пет од овој вид.

Мистериозните месојадни растенија за првпат биле опишани уште во 1875 година и тоа во книгата „Insectivorous Plants“, чиј автор е познатиот Чарлс Дарвин.

Овие необични растенија располагаат со неопходни органи за фаќање мали животинки и потоа нивно варење, но тоа не е доволно - за воопшто да добијат можност за лов, овие растенија прво мора да ги привлечат инсектите. Мирисот, бојата или нектарот им помагаат во тоа, благодарение на што го намамуваат пленот.

Ова се петте најинтересни и најпознати видови:

Pinguicula

Месојадите од оваа група користат лепливи лисја за да ги намамат, фатат и сварат инсекти, а се хранат со овие мали суштества за да надоместат за малиот процент на минерали во почвата. Постојат околу 80 видови од ова растение, а живеат во Северна Америка, Јужна Америка, Европа и Азија. Растат и кај нас.

Drosera

Овој род на месојади има повеќе од 170 видови, кои, како пингвикулата, живее на места каде што нема доволно минерали во почвата. Може да се најдат на секој континент, освен Антарктикот, живеат до 50 години и можат да растат помеѓу еден сантиметар и еден метар. Сеа наоѓа и кај нас на некои места.

Byblis

Ова е помал род на месојади, кој своето необично име го добил поради боите што на дневна светлина сјаат на нивните лигави лисја. Живее во Западна Австралија, а досега се пронајдени 8 видови. Се разликуваат од сличните родови по нивните зигоморфни цветови.

Aldrovanda vesiculosa

Ова водно месојадно растение расте без корени и е еден од најфасцинантните примероци на светската флора. Лови мали водни без'рбетници, а неговите стапици се затвораат за само 10 милисекунди, што е едно од најбрзите движења во живиот свет.

Dionaea muscipula

Најпознатото месојадно растение во светот се храни со инсекти и пајаци. Тоа е мало растение кое има помеѓу четири и седум лисја кои растат од кратко подземно стебло, а можат да пораснат и до 15 сантиметри. Растението мирува во текот на зимата, кога е помало и нема лисја, но во пролетта лисјата повторно растат. Својот плен го привлекува со сладок нектар и црвени лисја-стапици. Интересно, ако пленот успее да избега, лисјата повторно се отвораат полека, за околу два часа. Исто така, интересно е што ова растение не зависи од исхраната со месо, туку може да живее со месеци без лов на инсекти.

Тагови
реклама

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Read more

Експерти предупредуваат на радиоактивна прашина по оштетувањето на обвивката на Чернобил

Read more

Кој ќе биде шампион во Ф1? Последната трка од сезоната се вози денеска во Абу Даби

Read more

Објавени списоците: Дали добивте субвенции за струја?

Read more

Чек дис аут

Ракун провалил во продавница за алкохол, се опил и се онесвестил во тоалетот

Read more

Галеб се удри во лицето на водителка и ѝ го раскрвари окото

Read more

Carlsberg го направи најмалото шише пиво во светот: Колку зрно ориз и содржи една капка

Read more

Трамп објави бизарно AI видео во кое игра фудбал со Роналдо

Read more
 

Магазин

Дали е безбедно да се вежба за време на настинка?

Читај повеќе

Три секојдневни навики при туширање кои ја уништуваат кожата

Читај повеќе

Намирници кои природно го намалуваат воспалението во телото

Читај повеќе

Рецепт за сарма стар 70 години го подели Балканот

Читај повеќе

Што носи ретрограден Уран до 4 февруари 2026 година?

Читај повеќе

Магична празнична атмосфера започнува во Дајмонд мол

Читај повеќе

Сеир на денот: Груевски и Заев се караат преку статуси на Facebook

Читај повеќе

Јадете лук: 11 научно докажани здравствени придобивки

Читај повеќе

Кои витамини и минерали му требаат повеќе на телото по 40-тата година?

Читај повеќе