Пет навики во исхраната на здравите и фит луѓе

А.С.
/ 25.04.2023 / 09:42

Иако се чини дека некои луѓе ја одржуваат телесната тежина без напор во споредба со другите, постојат многу добро истражени навики кои обично им се заеднички луѓето кои се здрави и фит.

Фокусирањето на клучните промени во исхраната ќе ве доведе до одржливи резултати многу поефективно од брзите решенија или модерните диети.

Нема брз пат до успехот, што значи дека нема инстант решение со кое прекуноќ ќе станете поздрави или физички фит. Потребно е време и енергија за усвојување здрави навики пред тие да станат дел од вашиот животен стил.

Јадете кога сте гладни

Фит луѓето не прескокнуваат оброци, ниту строго се ограничуваат. Тие сфаќаат дека премногу ограничувања подоцна резултираат со прекумерна компензација.

„Кога редовно јадеме, на телото му даваме стабилно снабдување со гориво“, вели нутриционистот Бес Бергер. „Кога ги прескокнуваме оброците, поверојатно е дека ќе гладуваме до следниот оброк. Тогаш е многу потешко да се биде умерен или да се јаде совесно.“

Вежбајте свесност за исхраната

Фит луѓето јадат внимателно. Ги вклучуваат сетилата додека јадат без попречувања. Кога јадете свесно, многу повеќе сте способни да се фокусирате на тоа да не јадете над границата на ситост.

Нутриционистката Јана Морер тврди дека свесното јадење може да го спречи гладувањето, но и прејадувањето.

„Со свесност, искуството на исхраната станува понеутрално и помалку напнато, за да ви помогне да одржите здрава тежина и здрав однос со храната“, вели таа.

Ако ви е тешко да јадете свесно, почнете со исклучување на телевизорот и спуштање на телефонот. Можеби на почетокот ќе ви изгледа чудно, но со малку вежбање ќе успеете.

Фокусирајте се на урамнотежена исхрана наместо на нискокалорична диета

Фит луѓето сфатиле дека балансираните оброци ги држат сити подолго време. Урамнотежениот оброк се состои од комбинација од сите три макронутриенти и различни групи на храна: протеини, јаглехидрати и масти.

„Балансираните оброци со текот на времето ја поттикнуваат витоста бидејќи ги држат калориите под контрола“, вели специјалистот Џинан Бана. „Урамнотежениот оброк ќе вклучува овошје и зеленчук кои се богати со влакна и релативно ниски калории за да се чувствувате сити додека одржувате здрава тежина.“

Бидете умерени и реални

Она што го правите 80% од времето е поважно од другите 20% од времето. Слабите луѓе се фокусираат на приоритетите и не се замараат со ситници.

Малите задоволства се наменети токму за тоа - уживање, а потоа време е да продолжите понатаму. Всушност, препуштањето на омилената забавна храна која не е нутритивно богата може да ви помогне да не ја посакувате и да не претерувате со неа во иднина.

Најдете други начини за справување со стресот

Фит луѓето не користат храна за да се справат со своите негативни емоции.

Ако имате желба да јадете често, дури и кога не сте гладни, можеби сте емотивен јадач. Првиот чекор за надминување на емоционалното прејадување е да ги совладате вештините за справување со емоционалните турбуленции. Најдете нешто што ќе ви помогне во такви моменти, како што се разговор со саканата личност, трчање, читање или одење на свеж воздух.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Фит

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе