Пет нови пловила за Езерската полиција во Охрид

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска престојуваше во Охрид каде присуствуваше на презентација на новата опрема обезбедена за потребите на Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ (Езерска полиција).

Станува збор за пет пловни објекти со комплетна опрема, од кои четири патролни глисери со цврсто корито и кабини, со моќност од 200 и 160 коњски сили и еден гумен чамец со вонбродски мотор за надзор и обезбедување на Охридското Езеро и државната граница со Република Албанија.

– Ова е набавка направена за првпат после 20 години. Уште еден пример за посветеноста за комплетно опремување на полицијата, обезбедување максимални услови за работа на полициските службеници, што носи подобри резултати односно поголема безбедност на граѓаните, рече Спасовски, изразувајќи благодарност до Република Чешка која обезбеди половина од средствата за набавка на пловните објекти.

Спасовски  истакна дека тоа е само дел од она што раководството на МВР го прави за подобрување на условите за работа на полицијата. Тој потсети дека се набавуваат нови униформи и опрема за полициските службеници, а се работи и на реновирање на полициските станици.

– Во тек е реконструкција на ОВР Кавадарци, Крива Паланка, Гевгелија, Регионалниот центар „Југ“ и полициската станица „Битпазар“. Очекуваме за скоро време сите тие објекти да бидат завршени, практично оваа 2020 година да бидат заокружени градежните зафати. Пред два дена ја исплативме бонус-платата за 2017 година, а наредните месеци ќе се исплатат бонусите и за 2018 и 2020 година, посочи Спасовски.

Истакна дека со обезбедување на подобри услови за работа за полициските службеници се добива поголема безбедност на граѓаните, на што укажуваат намалениот број сообраќајни незгоди, големите количини запленети дрога, оружје, пиротехника….

Министерот за внатрешни работи најави дека наредната година е предвидена и набавка на софистицирана опрема за контрола и заштита на просторот на и околу Охридското Езеро.

– Проектот предвидува целосно техничко покривање на просторот со термички камери, возила со специјална опрема што ќе ја обезбедуваат границата на начин како што тоа е направено на границата кај Гевгелија и Дојран, рече Спасовски.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Read more

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Read more

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Read more

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Рускоска

Read more
 

Вести

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Читај повеќе

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Читај повеќе

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Читај повеќе

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Читај повеќе

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Читај повеќе

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Читај повеќе