И покрај различните третмани за целулит, тие не се долгорочни решенија за одржување здрав изглед на кожата.
За да делуваат некои од овие третмани за целулит, можеби ќе биде потребно да ги повторувате со месеци бидејќи во спротивно можат да се повлечат во рок од шест месеци до година.
Како тогаш да се борите против целулитот?
Според студија објавена во International Journal of Cosmetic Science, изгледа дека намалувањето на складирањето маснотии и зголемувањето на согорување маснотии низ телесна топлина се примарните начини, со истовремено подобрување на микроциркулацијата и синтеза на колаген.
Овие начини се целосно природни за намалување на целулитот:
Здрава исхрана
Некои од најдобрите намирници за намалување или превенција од целулит се ленено семе, храна со висок процент на вода, храна богата со влакна, висококвалитетни извори на протеини, храна богата со калиум, здрави маснотии и вода.
Намирници кои треба да ги избегнувате: шеќер, сол, рафинирано брашно и производи од рафинирани житарки, како и хидрогенирани масти.
Колаген
Кога кожата е цврста на неа помалку се гледа целулит. Колагенот е најзастапен протеин во човечкото тело и е потребен за еластичност, младешка текстура и цврста кожа.
Еден од најдобрите начини да внесете колаген е преку супа од коски.
Редовно вежбање
Новите истражувања покажаа дека интензивните тренинзи можат да бидат ефикасни во намалување на поткожното и стомачното масно ткиво за разлика од другите видови тренинг
Етерични маска
Студии покажаа дека етеричното масло од грејпфрут содржи големи количини антивоспалителен ензим кој помага во разбивање на целулитот и спречува создавање нови масни клетки под кожата.
Масажа
Подобрувањето на циркулацијата на крвта и лимфна дренажа, суво четкање на кожата и третмани со масажа имаат потенцијал да помогнат во намалување на целулитот.