Пет реченици што откриваат дека е подготвен за неверство

Знаете како вели изреката – подобро да се спречи отколку да се лечи, а тоа најдобро го знаат луѓе кои лечеле скршено срце.

Неверството е една од најлошите работи што може да се случат во една врска. Иако не мора да значи дека тоа ќе значи и крај на врската, сепак треба да ги знаете овие работи за да ги забележите знаците на време и да преземете нешто во врска со тоа пред да се случи.

Овие пет реченици најчесто ги кажуваат мажите кои на некое ниво се подготвени да извршат прељуба:

„Имам чувство дека не ме цениш доволно“

Оваа реченица открива дека тој најверојатно не е среќен како порано и дека се чувствува запоставено. Секако, тоа не значи дека веднаш или наскоро ќе ве изневери, но може да биде најава за таков потег. Ако едниот од партнерите не се чувствува доволно ценето ов врската, може да побара валидација кај друга личност, најчесто сексуална. Ако се отвори оваа тема, ислушајте го партнерот и бидете искрени дали уште може да со го дадете она што ви е потребно за да бидете двајцата среќни во врската.

„Извини што не ти одговорив на пораката“

Дури и да е затрупан со работа, секогаш има време за кратка порака, дури и ако е тоа едно „ОК“ или некаков емотикон. Ако партнерот одеднаш почне побавно да одговара на пораки или воопшто не одговара, може да значи дека има други приоритети за кои вие не знаете или едноставно комуникацијата со вас веќе не му е забавна. Не реагирајте бурно, искрено разговарајте и откријте во што е проблемот.

„На работа беше ОК“

Овде не станува збор за содржината на реченицата, туку за тоа колку е краток одговорот и најчесто се состои од само „ОК“ кога ќе го прашате како поминал на работа. Ако претходно со ентузијазам ви одговарал како му поминал работниот ден и ви раскажувал мали анегдоти, па дури и проблеми од денот на работа, а сега одеднаш се сведува на „ОК“, тоа значи дека го пали црвениот аларм. Време е да поразговарате што го мачи и да му ставите до знаење дека може да ви каже сѐ и дека сте тука за него.

„Ајде да пробаме нешто ново во кревет“

Ако сексуалниот живот веќе подолго време ви е едноличен, сосема е во ред некој од партнерите да посака да се проба нешто ново. Но, ако инсистира на тоа почесто, може да значи дека не е целосно задоволен од вашиот сексуален живот и сака нешто ново. Добрата вест тука е дека би сакал тоа нешто ново да го направи со вас, па ако сте вие расположени и ви се допаѓа предлогот, опуштете се и експериментирајте. Но, ако проблемот е подлабок, подолго време немате сексуални односи или не сакате да го правите тоа што го предлага, треба сериозно да разговарате.

„Има време“

Ако партнерот одеднаш не сака да правите долгорочни планови, тоа може да е знак дека не е сигурен дали ќе биде со вас за неколку месеци. Треба да ја разликувате оваа ситуација од онаа кога не е расположен за разговор или е преокупиран со нешто друго (машкиот мозок не функционира како женскиот, мажите ги прават нештата едно по друго). Во секој случај треба да седнете и да разговарате кои се вашите приоритети, планови и очекувања.

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Љубов и секс

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more
 

Магазин

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Читај повеќе

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Читај повеќе

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Читај повеќе
  • play_arrow

Кружен ток не е за секој

Читај повеќе

Епизода на Jackass се снимала во Скопје?

Читај повеќе

Јагодите брзо ви скапуваат? Со една состојка ќе останат свежи до 3 недели

Читај повеќе

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни езера во светот

Читај повеќе