Пет совршени места во Париз што треба да ги посетите

Париз котира високо на многу листи на градови што мора да ги посетите и за тоа има повеќе причини. Градот на светлината е една од најатрактивните туристички дестинации за кратки и долги патувања, а има многу што да се види.

Порталот Evoke направи листа од пет места што мора да ги видите кога ќе го посетите Париз, па без разлика дали сте таму еден викенд или подолго, може да направите план како да ги посетите сите пет места.

Тоа што Париз е познат и како Градот на љубовта не значи дека соло патниците се исклучени од неговата богата туристичка понуда.

Градот нуди многу убавини што нема да ги видите на класичните листи на туристички атракции, а оваа листа ќе ви помогне да го запознаете Париз и да се чувствувате како да сте дел од градот, а не турист на поминување.

Sainte-Chapelle

Оваа фасцинантна црква е совршен пример за вистинска ахритектонска уметност. Посебен детаљ што одушевува во оваа градба се витражите кои ги има во изобилство.

Париските катакомби

Оваа градба настанала во 18. век бидејќи локалните гробишта станале пренатрупани, а труповите што почнале да се собираат на улиците предизвикувале зарази кај локалното население. Човечките посмртни останки се положувале во катакомбите од 1786 до 1814 година и низ историјата овие гробници предизвикувале фасцинација и привлекувале разни посетители, вклучувајќи го и Наполеон.

Petite Ceinture

Petite Ceinture е совршена опција за мирна прошетка и опуштање од метежот на париските вински барови, плоштади и галерии. Оваа напуштена пруга им служела на граѓаните на Париз од 1862 до 1934 година, пред да ја нагризе забот на времето. Сега изобилува со дрвја и лози што сочинуваат една идилична локација за прошетка на која ќе се чувствувате како вистински парижани.

Музејот на вампири

Во Париз сигурно не недостигаат гробишта со фасцинантни истории, но за вистинските фанови на морбидното, идеалната локација е Музејот на вампири. Мора да го посетите за да го доживеете.

Le Lutetia

Ова е една од најубавите париски раскрсници и една од најфреквентните локации во Градот на светлината. Седнете во летната бавча на некој од околните локали и почувствувајте го ритамот на Париз.

реклама

Живот

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more
 

Магазин

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе