Петровска поднесе кандидатура за претседател на СДСМ: Ниедна причина за овој пораз што го доживеавме не смее да остане скриена

Обединување на членството, дискусии и дебати за сите политички збиднувања во земјата како и анализа на причините за поразите кои ги доживеа СДСМ на овие избори, исто како и на локалните избори во 2021 година, ќе бидат основите на кои Славјанка Петровска ќе раководи со СДСМ доколку биде избрана за претседателка. Таа денес, по поднесувањето на кандидатурата, рече дека е подготвена низ долги и мачни дебати да ги откријат причините за поразите за да можат да продолжат понатаму.

„Ниедна причина за овој пораз кој сега го доживеавме не смее да остане скриена и не смее да остане да виси, да лебди некаде. Тоа, за жал, ни се случи во 2021 година. Тогаш се сметаше дека само со повикувањето на тогашниот претседател Зоран Заев ќе се надминат некои пропусти, но очигледно дека требала некоја посериозна реформа и подлабински промени. Мислам дека овој пат таа лекција е научена, барем од моја страна, и токму затоа ја поднесувам кандидатурата и сакам да застанам на чело на СДСМ“, рече Петровска.

Се одлучила за кандидатура по долги советувања со, како што рече, поискусните од неа и по 24 години активно членство. Заедно со кандидатурата ја поднела и програмата за работа стокмена во Манифест на социјалдемократијата.

„Во програмата се осврнувам на тоа што треба да бидат итни приоритети на новото раководство на СДСМ по големиот пораз што го доживеавме на овие избори. Иако СДСМ во минатото доживувал и порази, но и победи исто така, овој пат ситуацијата е специфична, особено имајќи ги превид политичките околности во државата. На ниту една државна, особено на Северна Македонија не ѝ треба слаба опозиција или никаква опозиција. Затоа, пред сѐ, е сериозен предизвик над сѐ СДСМ да се исправи, да продолжи по патот на идеологијата на СДСМ и што е најважно да биде цврста опозиција за да може на таков начин да го гарантираме и патот на Република Северна Македонија“, вели Петровска.

Таа не сакаше да открие од кого добила поддршка за кандидатурата, но кажа дека тоа што веќе ја поднела значи дека има членови кои ја поддржуваат. Не сакаше да ги каже нивните имиња за да не ги злоупотреби, но рече дека можат оние кои ја поддржуваат доколку сакаат, јавно да го направат тоа.

Освен Петровска, во трка за лидер на СДСМ по двата последователни изборни порази засега се Венко Филипче и Јован Деспотовски.

реклама

Руски астролог: Два хороскопски знака ќе паднат на дното по 25 јуни

Read more

Кардиолог споделува навика која го спречува создавањето на згрутчувања во крвта

Read more

Едно овошје во комбинација со лекови може да предизвика труење и смрт

Read more

Храна што треба да ја јадете по 40-тата година за подобро здравје на мозокот

Read more

Македонија

Мицкоски: Надвор од законот е да има прв вицепремиер, но имаме џентлменски договор тоа да биде Изет Меџити

Read more

Николоски: Вредноста скокнала за 220 милиони евра, најскапата пруга со Бугарија завршува со тунел без крај

Read more

Левица: Пензискиот фонд е доведен пред колапс

Read more

Филипче: Моја главна грижа ќе биде грешките од минатото никогаш да не се повторат

Read more
 

Вести

Мицкоски: Надвор од законот е да има прв вицепремиер, но имаме џентлменски договор тоа да биде Изет Меџити

Читај повеќе

Николоски: Вредноста скокнала за 220 милиони евра, најскапата пруга со Бугарија завршува со тунел без крај

Читај повеќе

Тројца македонски поети на фестивал во Загреб

Читај повеќе

Извлечена e екипата на Брзата помош која беше заглавена во лифт, имаат повреди

Читај повеќе

Левица: Пензискиот фонд е доведен пред колапс

Читај повеќе

Пациент и екипа на Брза помош заглавени во лифт во скопска Кисела Вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Асанж конечно е слободен – колку го чинеше разоткривањето на вистината?

Читај повеќе

Кои се резултатите од експериментот „четиридневна работна недела“ во Германија?

Читај повеќе

Кривична за Самка Ибраимовски за наводни закани кон уставен судија

Читај повеќе