Pfizer достави 30 проценти помалку вакцини во ЕУ

Pfizer сè уште не доставил до Европската Унија околу 10 милиони дози вакцини против COVID-19, што требаше да ги испорача во декември, што е околу 30 проценти помалку од планираното, соопштија европските власти.

До средината на минатата недела, Pfizer достави 23 милиони дози од вакцината што ја разви со германската компанија BioNTech до Европската Унија, изјави европски службеник кој е директно вклучен во преговорите со американската компанија.

Тоа е околу 10 милиони дози помалку отколку што компанијата вети дека ќе ги испорача до средината на февруари, рече друг службеник, кој исто така е вклучен во преговорите.

Pfizer одби да ги коментира информациите, објаснувајќи дека тоа е деловна тајна.

Европската комисија исто така не даде коментар.

Европските официјални лица изјавија дека Pfizer ветил дека ќе испорача 3,5 милиони дози од вакцината седум дена по почетокот на јануари или вкупно 21 милион дози до средината на февруари.

Вакцините на Pfizer/BioNTech беа одобрени за употреба во Европската Унија на 21 декември.

ЕУ има два договора со Pfizer за испорака на 600 милиони дози од вакцината.

Европската комисија ги одобри сите барања за извоз на вакцини против COVID-19, претежно на Pfizer.

Од 30 јануари до 16 февруари одобрени се 57 апликации за извоз во 24 земји, вклучувајќи ги Обединетото Кралство и Обединетите Арапски Емирати, изјави портпарол на Комисијата.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе