Пилешко ризото со печурки кое мора да се проба

Ризотото, кое многумина го грешат нарекувајќи го рижото, е традиционално италијанско јадење кое потекнува од провинцијата Ломбардија и кое се подготвува на најразлични начини, но секогаш со ориз.

Овој пат се одлучивме за ризото со пилешко месо и печурки.

Потребни состојки:
  • 300 gr пилешко бело месо
  • 1 морков
  • 200 gr печурки
  • 1 кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2 чаши ориз
  • 1 лажица маслиново масло
  • зачини по желба
Подготовка:

Сварете го пилешкото и исечкајте го на мали парчиња. Зачувајте ја водата во која го варевте пилешкото.

Во тавче пропржете ситно сечкан кромид и малку рендан морков, а потоа и печурките. Додадете го оризот и кога ќе почне да се лепи за тавата додадете ја водата од свареното пилешко. Кога ризотото ќе се намали, додадете го сечканото пилешко и зачините. Украсете со малку свеж магдонос и уживајте.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Рецепти

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Read more

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Read more

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more

Ловечки шницли на руски начин

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе