СЕРИЈА А 2021/22

Пиоли: Овој Милан се роди по понижувачкиот пораз од Аталанта

„Тогаш сфативме што е потребно за развој на овој тим. Тоа беше еден од најнегативните моменти во мојата кариера, но и еден од највредните“, се сеќава тренерот на „Росонерите“ пред следниот натпревар во недела.

„Меаца“ ќе гори следната недела (18:00 часот), кога Милан во претпоследното коло во Серија А ја пречекува соседната Аталанта. Билетите се распродадени, ќе има 80.000 навивачи. „Росонерите“ ја преспаа претходната деценија, 11 години се без титула, но против „Божицата на провинцијата“ четата на Стефано Пиоли ќе може да направи нов чекор кон Скудетото. Четири бода во преостанатите две кола го решаваат прашањето за Скудетото и 19-тата круна за славниот клуб кој по бројот на шампионски пехари може да се израмни со градскиот ривал Интер.

Верона синоќа беше поразена на својот „Бентегоди“ со 1:3, а во преден план беа асистентот Рафаел Леау и егзекуторот, двојниот стрелец Сандро Тоноли.

„Вљубен сум во моите играчи, бидејќи секојдневно го гледам трудот што го вложуваат. Храброста и вербата доаѓаат од искуство. На пример, иако губевме, не бевме нервозни, бидејќи знаевме дека игравме добро и го задржавме тој дух до крајот. Оваа екипа се искачуваше чекор по чекор во текот на првенството. Мора да ја задржиме оваа концентрација, одлучност и верба во последните два натпревара“, рече Пиоли.

Верона е веќе минато, преокупација е дуелот со Аталанта следниот викенд.

„Мислам дека минатиот пат го одигравме еден од нашите најдобри натпревари против Аталанта, за 70-80 минути, но тие се еден од најдобрите тимови во лигата. Имаат сличен тактички пристап како Верона, па затоа е важно да ги најдеме вистинските карактеристики во нашиот тим за да ја неутрализираме силата на ривалот“.

Искусниот стручњак добро се сеќава на дебаклот во Бергамо од 5:0 на крајот на декември во 2019 година.

„Мислам дека овој Милан е роден при тој страшен и понижувачки пораз од Аталанта. Тогаш сфативме што е потребно за да се развие овој тим. Тоа беше еден од најнегативните моменти во мојата кариера, но и еден од највредните“, вели Пиоли.

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе