Голем чекор за зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата

Pirelli ја претстави гумата со сензор кој се поврзува на интернет

Можноста за поврзување на интернет се шири брзо во автомобилската индустрија, а за таа цел компанијата Pirelli произведе гума која испраќа вредни податоци.

Новата гума на Pirelli содржи мал диск со големина на паричка во кој се сместени сензор, процесор и електроника за комуникација.

Дискот ги собира клучните податоци и ги испраќа кон ECU единицата во автомобилот, но и на другите автомобили во близина.

Доколку излетате од патот, новата технологија може да ви помогне да избегнете сообраќајна несреќа, но и да ги предупреди возачите зад вас.

Во случај сензорите на гумите да препознаат лоши услови за возење, ќе испратат податоци на ECU единицата која ќе се прилагоди на возењето во моторот.

Гумата ќе ги следи и другите информации како што се притисокот во гумите, температура на гумите и слично.

Оваа технологија не е во потполност имплементирана на улиците, но нешто слично веќе се користи во камионската индустрија. 

Технологијата им заштедува време на механичарите кои не мораат да го проверуваат притисокот во гумите затоа што на овој начин знаат која гума треба да ја напумпаат, а која не.

Се очекуваат долгорочни тестирања, но уште сега се знае дека сајбер гумата е голем чекор за зголемување на сигурноста на патиштата.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Автомобили

Кои бои на автомобили бea актуелни во 2021 годинa?

Read more

Lamborghini Huracan Turbo или Kawasaki H2R - кој е побрз?

Read more

Погледнете како изгледа батеријата на електричниот Hyundai Ioniq 5

Read more

Сцени од снимањето на новиот Џејмс Бонд: Во главната улога најбрзиот Land Rover

Read more
 

Ново

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе