Пирс Броснан: Следниот агент 007 треба да биде жена

Поранешниот Џејмс Бонд Пирс Броснан смета дека е време жена да ја преземе улогата на фамозниот агент 007.

Актерот кој го играше Џејмс Бонд во четири филмови од франшизата од 1995 до 2002 година – „GoldenEye“, „Tomorrow Never Dies“, „The World Is Not Enough“ и „Die Another Day“ – во изјава за Hollywood Reporter рече дека според него би било „возбудливо“ и „интересно“ да видиме жена во улогата на агентот Бонд.

„Мислам дека ги изнагледавме мажите како го прават тоа во изминатите 40 години. Мажи, тргнете се од патот и ставете жена во улогата!“, вели 66-годишниот актер.

Даниел Крег ќе ја репризира улогата на фиктивниот британски шпион по петти (а најверојатно и последен) пат, во „No Time To Die“ што треба да има премиера догодина.

Броснан се надева дека ќе го сменат полот на овој легендарен лик, но смета дека проуцентката на успешната филмска франшиза Барбара Броколи не би се сложила со идејата.

„Мислам дека тоа нема да се случи додека семејството Броколи стојат зад франшизата“, вели Броснан.

Актерката Рејчел Вајс, која е во брак со Крег, лани за The Telegraph на темата изјави дека „жените заслужуваат нивни посебни приказни“.

реклама

Родителите на деца кои одат во училиште да се вратат на работа, одлучи Владата

Read more

Протести во Белград поради враќањето на полицискиот час, полицијата употреби солзавец

Read more

Како паметно да одговорите на навреда?

Read more

Витаминот Д и коронавирусот - Вистинска или залудна надеж?

Read more

Филм & ТВ

„Love on the Spectrum“ – каков е светот на љубовта за луѓето со аутизам?

Read more

Џони Деп на суд се бори против клевета - не ја тепал бившата

Read more

Најдобрите филмови во 2020, досега

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Сцена

  • play_arrow

„Love on the Spectrum“ – каков е светот на љубовта за луѓето со аутизам?

Читај повеќе
  • play_arrow

Нов сингл на Љубојна  - „Љубов по Татунчо“ за македонскиот филм „Стела“

Читај повеќе
  • play_arrow

Џони Деп на суд се бори против клевета - не ја тепал бившата

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрите филмови во 2020, досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Крис Хемсворт ќе мине низ најголемата физичка трансформација за Хулк Хоган

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix одбива да го тргне контроверзниот еротски филм „365 Days“ од репертоарот

Читај повеќе

Актерот Ник Кордеро почина од компликации со COVID-19

Читај повеќе

Двејн Џонсон најскапо платен инфлуенсер на Instagram

Читај повеќе