Пирс Морган го расплака Роналдо со снимка од татко му

Кристијано Роналдо даде едно од најемотивните интервјуа во неговата кариера, во разговор со познатиот британски новинар Пирс Морган.

Португалскиот фудбалер речиси еден час разговараше со Морган за неговиот живот и кариера, а искусниот новинар знаеше точно каде е „точката на кршење“ на асот на Јувентус.

Морган му покажа на Роналдо снимка со покојниот татко на фудбалерот, во која тој зборува за син му на почетокот на Европското првенство во Португалија во 2004 година.

Во извадок од интервјуто што беше објавено на Twitter профилот на Good Morning Britain, не е достапна снимката, но може да се види расплаканиот Роналдо откако ја видел снимката.

„Никогаш не сум ја видел таа снимка. Неверојатно. Од каде ви е? Не знам од каде сте ја набавиле, ама морам да ја покажам на семејството. Никогаш не се запознав подобро со татко ми. Беше алкохоличар и немавме нормални разговори. Многу ми е жал што не ги доживеа сите мои успеси и што не ме виде како најдобар на светот“, рече Роналдо додека ги бришеше солзите со марамче.

Таткото на Роналдо, воениот ветеран Хозе Динис Авеиро, почина во 2005 година на 53 години од болест на црниот дроб. Не доживеа да види ниту една од петте титули на синот во ЛШ, како ни Златните топки, титулата Европски првак со Португалија, ниту другите достигнувања на еден од најуспешните и најдобрите фудбалери на сите времиња.

реклама

Швајцарија не знае што да прави со вишокот респиратори и маски

Read more

Каква е состојбата со COVID-19 на Балканот?

Read more

Колку често треба да го дезинфицирате мобилниот телефон?

Read more

Белградските болници преполни, Србите не веруваат во официјалните бројки за COVID-19

Read more

Фудбал

Кој ќе го купи Милинковиќ-Савиќ на попуст?

Read more

13 фудбалери имаат коронавирус, откажани бараж натпреварите за Втора МФЛ – Запад

Read more

Алегри пред две години го одбил Реал Мадрид

Read more

Сетјен за пеналот на Реал: Сѐ помалку го разбирам ВАР

Read more

Спорт

АТП со важна промена во системот за рангирање

Читај повеќе

Кој ќе го купи Милинковиќ-Савиќ на попуст?

Читај повеќе

13 фудбалери имаат коронавирус, откажани бараж натпреварите за Втора МФЛ – Запад

Читај повеќе

Алегри пред две години го одбил Реал Мадрид

Читај повеќе
  • play_arrow

Сетјен за пеналот на Реал: Сѐ помалку го разбирам ВАР

Читај повеќе

Хамилтон не барал од пилотите да клекнат

Читај повеќе
  • play_arrow

На 4 кола до крајот Зенит ја одбрани титулата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пандев со 93. гол во Серија А, Наполи ја доби Рома

Читај повеќе
  • play_arrow

Барса им се врати на победите, рекорди за Меси и Фати

Читај повеќе