Писмо од рускиот патријарх г.г. Кирил до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан

По донесената Одлука од 25 август 2022 година на Свештениот собор на Руската православна црква за признавање на автокефалноста на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, на 8 септември оваа година, Неговата Сесветост Патријархот Московски и на сите Руси г.г. Кирил испрати писмо до Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во кое го известува Неговото Блаженство за прифатената автокефалија. Истото Ви го пренесуваме во целост, преведено на македонски јазик.

До Неговото Блаженство, Блаженејшиот Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и Митрополит Скопски

Ваше Блаженство, возљубен собрате и сослужителе пред Божјиот престол!

Срдечно Ве поздравувам и Ви благодарам за писмото од 13 јули оваа година, во кое соопштувате за признавањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија и за врачувањето на Томосот за автокефалија, од Светејшиот Патријарх Српски Порфириј на Вашето Блаженство. Да Му благодариме на Бога за Неговиот неискажлив дар! (2 Кор 9, 15)

Нашата Црква секогаш се стремеше да го поддржува македонското православие, во текот на многу години на сите можни начини, помагајќи го дијалогот помеѓу српските и македонските браќа по вера. Радосно е што сега тие усилби се овенчаа со обновување на општењето меѓу двете Цркви.

Светиот Патријарх Српски Порфириј се обрати до мене со официјално известување за давањето на автокефалност на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија и со молба да ја признам таа автокефалност, давајќи им пример и на останатите помесни православни Цркви.

На 25 август оваа година, Светиот синод на Руската Православна Црква, го разгледа посланието на Неговата Светост. Заблагодарувајќи Му на Господа за разрешувањето на статусот на Православната Црква во Северна Македонија на канонска основа, Светиот синод реши да ја признае Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија за сестринска автокефална Црква, и во свештениот Диптих, како Поглавар, да го впише името на Вашето Блаженство.

Соопштувајќи Ви братски за тоа решение, од лицето на Светиот синод и од сета полнота на Руската Православна Црква, се надевам дека Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, цврсто ќе ја чува чистотата и непорочноста на светата православна вера и ќе ја запазува верноста на православното канонско предание.

Уверувајќи го Вашето Блаженство во подготвеноста за развивање на сестрана соработка помеѓу нашите Цркви, молитвено Ви посакуваме телесни и духовни сили и изобилни милости од Господа и многу години поглаварско служење, а на Вашата богољубива паства ‒ мир и благоденствие.

Со братска љубов во Христа Исуса,

+КИРИЛ, ПАТРИЈАРХ МОСКОВСКИ И НА СИТЕ РУСИ

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе