Планина на која е забрането да се качи човек

Иако Непал е вистински рај за љубителите на адреналински авантури и планинарење, некои планини во оваа земја се недостижни дури и за најхрабрите планинари.

Една од најпознатите е Мачапучаре, чиј највисок врв се издига на 6.993 метри надморска височина и на кој е забрането искачување.

Мачапучаре, што во превод значи „рибина опашка“, е култна планина во хималајскиот ланец Анапурна во централниот дел на Непал, која содржи три од 10-те највисоки планински врвови во светот. Сепак, Мачапучаре изгледа целосно изолиран меѓу другите врвови, и покрај неговата поскромна висина.

Некои планински врвови во Непал надминуваат надморска височина од 8.000 метри. На оваа листа се наоѓа и грандиозниот Монт Еверест, на границата меѓу Непал и Кина, чиј врв достигнува 8.848 метри надморска височина.

Сепак, иако највисоката точка на Мачапучаре се наоѓа на 6.993 метри надморска височина, географската позиција на планината обезбедува зачудувачки поглед на нејзиниот врв од која било страна на светот и голема оддалеченост. Врвот на Мачапучаре се издига како двојни кули кои се вртат една во друга, споени со остар гребен.

Како и да е, искачувањето на Мачапучаре е забрането, што е реткост во земја како Непал, каде цвета планинскиот туризам. Главниот „виновник“ за оваа забрана е потполковник Џејмс Овен Мерион Робертс кој почина во 1997 година, популарно познат како Џими Робертс.

Тој бил прославен офицер на британската армија кој многу придонел за развојот на планинскиот туризам во Непал. Бил назначен за прв воен аташе во Непал во 1958 година и ја искористил својата позиција, страст и знаење за Хималаите за да ги отвори далечните планини за комерцијално планинарење, што денес е индустрија која значително придонесува за непалската економија и локалните заедници.

Робертс ја организирал првата експедиција во Мачапучаре во 1957 година. Сепак, неговиот тим мораше да го запре искачувањето поради лошите временски услови, на само 45 метри под врвот. По експедицијата, Робертс упати прилично некарактеристично барање до владата на Непал - да го забрани искачувањето на Мачапучаре. Владата го прифати неговото барање и искачувањето на Мачапучаре е забрането до ден-денес поради религиското значење на планината.

Планината Мачапучаре се смета за света планина меѓу локалното население и се смета за свето место на богот Шива. Никогаш никој успешно не стигнал до врвот на Мачапучаре, а единствениот познат обид била британската експедиција од 1957 година.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Чек дис аут

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Read more

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе