Платеник на Ескобар открива: Пабло сакаше да го убие сегашниот селектор на Перу

Во 80-тите и 90-тите години од минатиот век, познатиот нарко бос Пабло Ескобар беше господар на животот и смртта во Колумбија. На неговата црна листа се наоѓаа луѓе од противнички картели, судии, адвокати, фудбалери, а еден од оние кои биле блиску до смртта е и Рикардо Гарека, актуелниот селектор на Перу.

„Вистина е, Рикардо Гарека секогаш беше на мета на Ескобар. Но, никогаш не издаде налог за тој да биде убиен. Љубовта на Ескобар кон фудбалот го спаси Гарека од смрт. Него и сите играчи на America de Cali, тимот на противничкиот картел“, откри Хаиро Веласкез, познат како Попај.

Тој беше најпознатиот платеник на Ескобар и масовен убиец осуден на 23 години затвор. Пуштен е на слобода во 2014 година.

„Пабло сакаше да постави бомба под автобусот на фудбалскиот тим America de Cali, откако картелот Кали постави бомба под автомобилот на неговото семејство. Пабло ги имаше сите играчи на America de Cali на ум, бидејќи сепак бевме во војна. Киднапираше нивни играчи за да го натера картелот да соработува. Кога еднаш одбија да соработуваат, тој го уби семејството на Педро Сармиенто кој денеска е успешен тренер“, додава Попај.

Гарека е селектор на Перу од 2015 година, а со оваа селекција играше на Светското првенство во Русија годинава. Кон крајот на 80-тите години го носеше дресот на Кали.

реклама

Живот

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more
 

Магазин

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе