Фудбал

Платини: ФИФА и Судот за спортска арбитража се како мафија

18. јануари 2020 - 15:28 | МИА

Поранешниот претседател на УЕФА Мишел Платини ги спореди ФИФА и Судот за спортска арбитража (КАС) во Лозана со мафијашките организации.

– Мразам неправда. Не можам да издржам. ФИФА и КАС делуваат како мафијашки организации. Го видов тоа и лично се убедив. Група пријатели го прават она што сакаат, изјави легендарниот француски фудбалер за Sport.pl.

Шеесет и четиригодишниот добитник на наградата Златна топка тврди дека адвокатите на ФИФА, УЕФА и КАС се истите луѓе, живеат во Швајцарија и постојано комуницираат едни со други.

Според него, тие се најзаслужни тој да не стане претседател на Светската фудбалска централа.

Коментирај