По 3 илјади години во Австралија се родија мали тасмански ѓаволчиња

Видот одамна истребен во Австралија почна да се враќа. Три малечки дојдоа на свет во сојузната држава Нов Јужен Велс, што е прв таков случај по три милениуми. За експертите, тоа е знак за репопулација.

Историски момент во далечната Австралија. Откако во 2020 година 11 тасмански ѓаволи беа пуштени во дивината, мајката наречена Лиса на свет донесе три млади. Овде не би имало ништо необично доколку не се знаеше фактот дека тасманскиот ѓавол е изумрен на континентот Австралија речиси три милениуми.

Амбициозниот проект за репопулација на тасманскиот ѓавол во Австралија се вика Aussie Ark и е соработка помеѓу Re:wild, WildArk и Australian Reptile Park. Проектот има за цел да создаде самостројна популација која ќе може да се одржува независно, без човечка помош. Токму овие три младенчиња родени во дивина се одличен почеток кои им даваат елан и верба на водачите на проектот, Крис Хемсворт и Елса Патаки.

Хемсворт и Патаки ги пуштаат тасманските ѓаволи во дивината

„Вршевме рутинска проверка кога забележавме дека Лиса има мали во својата торба (тасманскиот ѓавол има торба како кенгурот, заб. на авт.). Овие први малечки се доказ дека нашиот проект за враќање во дивината функционира“, вели Тим Фолкнер, извршен директор на Aussie Ark.

Тасманскиот ѓавол (Тасманскиот ѓавол) е нјаголемиот месојаден торбар кој одамна бил многу распространет на австралискиот континент. Потоа одеднаш изумрел, од причини досега сѐ уште непознати. Нивното истребување, според научниците, коинцидира со наглите климатски промени кои ја зафатиле Австралија пред 3 илјади години, како и експанзијата на домородните Австралијци кои со себе носеле кучиња динго, инаку предатори посестрани и покомпетитивни од тасманскиот ѓавол.

Видот сепак преживеал бидејќи тасманскиот ѓавол останал да живее на островот Тасманија, јужно од Австралија. Оттаму и името. Но, и таму се соочил со опаѓање на полулацијата, поради единствениот познат вид на заразлив канцер, кој ги намалил за 90%. Денеска се заштитен вид и се работи на нивна репопулација.

реклама

Вести

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе