По 4 години забранетата репрезентација на Баскија ќе одигра натпревар

Фудбалската репрезентација на Баскија, која се надева дека ќе стане членка на УЕФА и ФИФА, овој месец во Билбао ќе одигра пријателски натпревар со двократниот светски шампион Уругвај.

Натпреварот ќе се одигра на 23 март на „Сан Мамес“ стадионот на Атлетик, соопшти Фудбалската федерација на Баскија.

Еускади, односно Баскија на баскискиот јазик, последен пат одигра пријателски натпревар пред четири години. Во декември 2020 година ја победија Костарика со 2:1 со головите на тогашните играчи на Атлетик, Икер Муниаин и Унаи Нуњес.

Уругвај, светскиот шампион од Мундијалите во 1930 и 1950 година, моментално е 11-та репрезентација во светот на рангирањето на ФИФА. Селектор на Уругвај е Марсело Биелса, кој беше тренер на Атлетик од 2011 до 2013 година.

Со оглед на тоа што Шпанија има закажано пријателски на 22 и 26 март против Колумбија и Бразил, останува да видиме на кои играчи ќе може да смета баскискиот селектор, кој Федерацијата допрва треба да го именува.

Во декември 2002 година Баскија играше пријателски натпревар и против Македонија, кој заврши 1:1. На тој натпревар за нашата репрезентација настапија легенди како Петар Милошевски, Гоце Седлоски, Александар Васоски, Величе Шумуликоски, Горан Попов, Артим Шаќири, Влатко Грозданоски, а за Баскијците играа Аитор Каранка, Шаби Алонсо, Хосеба Ечебериа, Гаиска Мендиета, Исмаел Урсаис, Хулен Гереро и други.

Remote video URL

Баскиската фудбалска федерација во декември 2020 година аплицираше за членство во УЕФА и ФИФА, но според пишувањата на медиумите доби негативен одговор поради противењето на Кралската шпанска фудбалска федерација. Поради тоа, Баскија може да игра само пријателски натпревари, како што беше случај и порано.

Баскија е автономен регион на северот на Шпанија со население од 2,2 милиони жители, од кои најголемиот дел етнички Баскијци, народ чиј мајчин јазик, баскиски, нема допирна точка не само со шпанскиот, туку и со ниту еден друг во светот. Еден дел од Баскија се наоѓа во соседна Франција. Мнозинството места во баскискиот парламент го имаат политичките партии кои се залагаат за референдум за независност.

УЕФА пред неколку години за свој челн го прими Гибралтар, британска територија на југот на Шпанија. Исто така, го прими и Косово, чија независност од Србија сè уште не е призната, како и од 5 членки на Европската Унија, вклучително и Шпанија, а ниту пка е во Обединетите нации. Земји како што се Шкотска, Велс, Северна Ирска и Фарските Острови, кои не се независни држави, но имаат автономија во рамките на Обединетото Кралство односно Данска, исто така учествуваат во натпреварите на УЕФА и ФИФА.

Фудбалската федерација на Баскија засега не открива дали повторно ќе бара членство во УЕФА и ФИФА и кои се нејзините понатамошни планови.

реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Каролина разбуди емоции со нејзината прва насловна на неполни 13 години

Read more

На кои половни автомобили најбавно им паѓа цената?

Read more

Кинескиот гигант тоне: Секој ден губи 4,5 милиони евра

Read more

Фудбал

Наполи со победа над Јувентус се искачи на првото место во Серија А

Read more

Реал се распадна на терен: Летаа црвени и жолти картони

Read more

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Read more

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Read more
 

Спорт

Јокиќ руши неверојатни рекорди

Читај повеќе

Наполи со победа над Јувентус се искачи на првото место во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Реал се распадна на терен: Летаа црвени и жолти картони

Читај повеќе
  • play_arrow

Ландо Норис ја освои титулата во Формула 1 за прв пат во својата кариера

Читај повеќе

Кој ќе биде шампион во Ф1? Последната трка од сезоната се вози денеска во Абу Даби

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Читај повеќе

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Читај повеќе

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ за полувреме уфрли 30 поени и донесе пресврт за Денвер

Читај повеќе