По една година затвор за тројцата обвинети од насилните протести за пресудата за ,,Монструм”

На тројцата обвинетите за насилство на протестите поради пресудата во случајот „Монструм“, Шабан Весели, Бехар Далити и Бесар Калиси, кои на денешното прво рочиште го признаа делото, Судот им изрече затворска казна од времетраење од една година. Тие и понатаму остануваат во притвор.

За двајцата обвинети, Артон Садики и Фабио Идризи, кои се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, судење ќе продолжи на 31 март.

Судијата Марин Станевски рече дека за обвинетиот Бесим Касами ќе се издвои постапката поради неговата влошена здравствена состојба. Исто така постапката ќе биде издвоена и за Суља Башким, бидејќи не е достапен за органите за прогон. 

Скопското обвинителство кое го застапува случајот обвинетите ги товари за кривичното дело „Учество во толпа која ќе изврши кривично дело согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик”. Според одредбите од овој член обвинетите може да се казнат од шест месеци до пет години казна затвор.

Судењето за настаните на 26 февруари во Скопје го води судијата Марин Станевски, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Марија Демирова – Панајотова.

Според Обвинителството, обвинетите на 26 февруари, како учесници на јавниот собир на граѓани во Скопје – протест за пресудата во предметот „Монструм“, биле дел од толпата која со заедничко дејствување сторила насилства кон полициски службеници и други присутни лица. Обвинетите и други засега непознати лица започнале заеднички да дејствуваат кон полициските службеници, фрлајќи со камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети, во обид да го пробијат полицискиот кордон.

Како резултат на ова, со тешки телесни повреди се здобил новинар присутен на местото на настанот, а повредени биле и 11 полициски службеници. 

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Хроника

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Read more

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Read more

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Read more

Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе