По многу одложувања, телескопот James Webb ќе биде лансиран на 24 декември

Вселенскиот телескоп James Webb (JWST), чие лансирање беше одложувано многупати, треба да биде лансиран на 24 декември, потврдија вчера НАСА и Arianespace.

„Потврдено е дека целниот датум за лансирање на вселенскиот телескоп James Webb е 24 декември во 9.20 часот од базата Куру (12 часот и 20 минути по Гринич)“, твитна Arianespace.

URL

Тоа е најголемиот и најмоќниот телескоп во историјата, кој треба да испрати нови информации за потеклото на универзумот и копнените планети надвор од нашиот Сончев Систем.

Вселенскиот телескоп James Webb (JWST), именуван по поранешниот директор на американската вселенска агенција НАСА, е наследник на легендарниот Hubble.

Европската вселенска агенција (ESA) и нејзиниот канадски колега (CSA) соработуваа со НАСА во развојот на James Webb. Неговата конечна цена, која е тројно зголемена од оригиналната поради бројни проблеми, изнесува речиси 10 милијарди долари.

James Webb е произведен во САД, а годинава беше транспортиран до лансирањето во Француска Гвајана.

Ракетата Ariane 5 би требало да го однесе телескопот во вселената, а се проценува дека ќе биде потребен еден месец пред да стигне до својата дестинација.

Крајната цел на телескопот е да открие дали Земјата е единствената или има слични планети каде би можело да се појави и опстои живот.

Неговата орбита околу Сонцето ќе биде на 1,5 милиони километри од Земјата.

Проектот започна во 1989 година и првично беше планирано телескопот да започне со работа на почетокот на векот.

Remote video URL
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Вести

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Read more

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Read more

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Read more

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе