По повод 13 Ноември се развеа партизанското знаме на врвот Љуботен

И оваа година љубителите на планинарењето го одржаа традиционалното искачување на врвот Љуботен по повод Денот на ослободувањето на Скопје од наци-фашистичката оклупација во Втората светска војна.

Фото: Ненад Димитриевски

Шеста година по ред искачувањето е во организација на I love hiking group Macedonia. Бидејќи 13 Ноември се паѓа во работен ден (понеделник), искачувањето беше синоќа (недела).

Фото: Ненад Димитриевски

Се тргна во 6 часот пред Железничката станица Скопје со организиран превоз до Старо Село од каде беше почетната точка на турата на 700 метри надморска височина. До врвот пауза се направи кај Планинарскиот дом „Љуботен“ (1.622 мнв).

Фото: Ненад Димитриевски

Врвот Љуботен е висок 2.499 метри надморска височина. Иако се наоѓа на Шар Планина, неговиот снежен врв се гледа од Скопје и важи за планина која го чува овој град и затоа е и на грбот на Град Скопје.

Фото: Ненад Димитриевски

Организаторот на планинарската тура врвот Љуботен го опишува како: „Атрактивноста на турата е во врвот, кој има форма на пирамида. Љуботен важи за малку суров врв поради тоа што претставува еден вид 'пристаниште' на Шара каде се прекршуваат сите ветришта. Љуботен е моќен, величествен и горд. И затоа Љ секогаш ќе асоцира на Љуботен“.

Фото: Ненад Димитриевски

На врвот планинарите го развеаја знамето на Третата македонска ударна бригада, какво што партизаните носеле со себе при ослободувањето на Скопје.

Фото: Ненад Димитриевски (десно)

Третата македонска ударна бригада била формирана во село Жегљане, Кумановско на 26 февруари 1944 година. Била формирана од баталјонот „Стив Наумов“ и кумановските баталјони „Јордан Николов - Орце“ и „Христијан Тодоровски - Карпош“. Пред ослободувањето на Скопје оваа Бригада учествувала во ослободувањето на Велес на 9 ноември, а потоа и на Тетово на 19-ти.

Борци на Третата македонска ударна бригада (меѓу кои Христијан Тодоровски-Карпош, Методија Андонов-Ченто, Ацо Шопов и Вера Јоциќ.
реклама

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Што е најевтино за возење: Електричен автомобил, бензинец или дизелаш?

Read more

Која е најдобрата заштита за автомобил од град?

Read more

Ретрограден Плутон ќе им го смени животот на четири хороскопски знаци

Read more

Култура

БУКВАЛНО. ЏЕЗ: Нов фестивал го збогатува културниот живот во Скопје

Read more

Македонски уметници изложуваат во Атина со колешки од Србија, Грција и Кипар

Read more

Објавен првиот том на Правописно-нормативниот речник на македонскиот стандарден јазик

Read more

Зошто треба да ја посетите ретроспективната изложба на Анета Светиева?

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова: Потребни се гаранции за македонската евроинтеграција

Читај повеќе

Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа законот за помош за настраданите од Кочани

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Русите ја склопија „Франкенштајн“ ракетата на Путин?

Читај повеќе

Значителен пад на нелегалните влегувања во ЕУ преку Западен Балкан

Читај повеќе

Жена од Кичево физички нападната од сопругот и синот

Читај повеќе

Пушки, пиштол и муниција пронајдени во Демирхисарско

Читај повеќе

Скопјанец нападнат во Аеродром поради недоразбирање во сообраќајот

Читај повеќе

Дали Макрон ќе распореди нуклеарно оружје низ Европа?

Читај повеќе

Трамп: Сакам договор со Иран, но мора да престанат да го спонзорираат тероризмот

Читај повеќе